1 7,17-20; 8,7-8; 37,10; 2 Цар 18,13 Во четиринаесеттата година на царот Езекија, асирскиот цар Сенахирим, стана против сите утврдени градови на Јудеја и ги презеде.
27,3; 2 Цар 18,17-37Тогаш асирскиот цар го прати Рапсак со голема војска од Лакиш во Ерусалим кај царот Езекија; и тој се запре кај водоводот на горниот водостој по патот за нивата на валавичарот.
322,20И излезе кај него Елијаким, Хелкиевиот син, началник на дворецот, и писарот Севна, и летописецот Јоах, Асафовиот син.
410,8-15; Ос 5,13И им рече Рапсак: „Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот асирски: каква е таа надеж, на која се надеваш?
52 Цар 18,7Јас мислам дека се тоа само празни зборови, а за војна се потребни совет и сила: и така, на кого се надеваш ти, па си се одметнал од мене?
630,2-3.7; 37,9; Ез 29,6-7Ете, ти многу се потпираш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потпре на неа, ќе му влезе во раката и ќе ја прободе. Таков е фараонот, царот египетски, за сите, кои се надеваат на него.
72 Цар 18,4Ако ли ми кажеш: се надеваме на Господ, нашиот Бог, – тогаш на оној ли, Чии светилишта и жртвеници ги отстрани Езекија и му кажа на Јуда и на Ерусалим: ‚само пред овој жртвеник поклонувајте се?‘
8И така, влези во сојуз со мојот господар, царот асирски; – ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да испратиш јавачи за нив?
931,1Па како мислиш да се одбраниш дури и од еден од најмладите слуги на мојот господар, надевајќи се на Египет, да ти даде бојни коли и коњи?
1010,6Та зар јас без волјата на Господ тргнав против оваа земја, за да ја разорам? Господ ми рече: оди против таа земја и разори ја.“
11Тогаш Елијаким, Севна и Јоах му рекоа на Рапсак: „Говори им на слугите твои на арамејски, зашто ние разбираме, а не ни зборувај по јудејски, за да чуе народот, кој е на ѕидините.“
12И Рапсак рече: „Зар само кај твојот господар и кај тебе ме испрати господарот мој да ги кажам овие зборови? Зар не и кај луѓето, што седат по ѕидините, осудени да го јадат со вас изметот свој и да ја пијат мочта своја?“
13Тогаш стана Рапсак и извика со висок глас по јудејски и рече: „Чујте ги зборовите на големиот цар, асирскиот цар!
14Вака вели царот: нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси;
1537,10И нека не ви дава надеж Езекија во Господ, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси; овој град нема да биде предаден во рацете на царот асирски.‘
16Ос 2,14; Мих 4,4; Зах 3,10Не го слушајте Езекија, зашто вака говори царот асирски: примирете се со мене и предајте ми се, и секој нека го јаде плодот од лозјето свое и од смоквата своја и секој нека пие вода од својот кладенец,
175 Мојс 7,13додека не дојдам и ве одведам во исто таква земја, каква што е и вашата земја, во земја на леб и вино, во земја на плодови и лозја.
18И така, да не ве мами Езекија, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси.‘ Боговите на другите народи ја спасија ли, секој својата земја од раката на асирскиот цар?
1910,9.11; 37,13Каде се боговите на Хамат и Арпад? Каде се боговите на Сефарваим? Ја спасија ли тие Самарија од мојата рака?
2037,11-12; 2 Цар 18,35Кој од сите богови на тие земји ја спаси земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ќе го спаси Ерусалим од мојата рака?“
21Но тие молчеа и не му одговорија ни збор, зашто од царот беше дадена повелба: не одговарајте му.
2237,1; Ис.Н. 7,6Тогаш отиде Елијаким, синот Хелкиев, началник на дворецот, и Севна писарот, и Јоах, син Асафов, летописец при Езекија, со раскината облека, и му ги соопштија зборовите на Рапсак.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.