1 21,7 „Зошто не се сокриени од Седржителот времињата? И оние, кои Го знаат, не ги гледаат дните Негови?
25 Мојс 27,17; Изреки 22,28Безбожниците поместуваат меѓи, ограбуваат стада и си ги пасат,
324,17од сираците одземаат магаре, од вдовица вол – за залог;
45 Мојс 15,11сиромаси истуркуваат од патот, сите понизени се принудени да се кријат од нив.
517,10Ете, како диви магариња во пустина, излегуваат тие по работата своја, стануваат рано за грабеж; пустината им дава леб за нив и за децата нивни;
612,16жнеат по туѓи ниви, и од лозјето на безбожникот крадат;
712,17голи ноќеваат без покривка, немаат облека за да се спасат од студ;
812,19наводенети од горски дождови и, немајќи прибежиште, се притискаат до карпа;
912,20раздвојуваат сираче од градите на мајката и земаат залог од сиромав;
1012,21ги тераат да одат голи, без облека, и на празен стомак снопови да носат;
1112,24маслиново масло на другите тие цедат, и во каци жедни грозје тие гмечат.
1212,25Во градот луѓето офкаат и душата на убиените вика, а Бог тоа не го слуша.
1321,14Тие ѝ се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини.
146,27На разденување станува убиецот, убива сиромав и несреќен, а ноќе е крадец.
159,24И окото на прељубникот чека да се стемни, велејќи: ‚ничие око нема да види‘ и го покрива лицето свое.
1616,11Во темнината се провираат под куќите, а дење се кријат затворени; не знаат тие за светлина.
1727,5За нив најцрната ноќ е како јасно утро, толку се зближени тие со стравотиите на темнината.
1827,7Лесен е таквиот на водната површина, проклет е делот негов на земјата, и не го гледа патот кон лозјата.
1927,21Како што сушата и горештината ја голтаат снежната вода, така пеколот ги голта грешниците.
2027,19Нека го заборави утробата мајчина; нека биде храна за црвите; нека не остане помен за него; како дрво ќе се скрши беззаконикот;
2127,14оној кој угнетува бездетна, и на вдовица не ѝ прави добро.
22Но Бог сосила ги истерува насилниците; се појавува и тие немаат надеж за животот свој.
2327,16-17Бог им дава во што да се надеваат, но Неговите очи ги гледаат нивните патишта.
2427,20Се креваат високо, – и, ете, веќе ги нема; паѓаат и умираат, како и сите, и како врвовите на класовите се кршат.
2521,34Ако тоа не е така, – кој ќе ме изобличи за лагата и кој ќе ги претвори во ништо зборовите мои?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.