Евреите 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Христос е поголем од Мојсеј

1 2,11; 4,14; 10,23; Ис 17,7; 2 Кор 9,13; Фил 3,14 Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос.

2Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот не­гов дом.

38,6; 2 Кор 3,7Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот!

4Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог.

52 Мојс 14,31; 4 Мојс 12,7; Откр 15,3И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.

64,16; 1 Лет 17,12-14; Рим 5,2; 1 Кор 3,16; 6,19; Ефес 2,19-22; Кол 1,23; 1 Тим 3,15; 1 Птр 2,5Христос, како Син, е верен во Бож­јиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фа­лиме, ги запазиме до крај.

Спокој за Божјите луѓе

7 Пс 95,7-11 9,8; 10,15; Мт 22,43; Дела 28,25 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов,

82 Мојс 17,7не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,

9каде што татковците ваши Ме ис­ку­шаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа дела­та Мои преку четириесет години.

10Дела 7,36Затоа се разгневив на тој род и ре­­ков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.

114 Мојс 14,21-23; 5 Мојс 1,34-35Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“

123,8; 10,22; 12,15; Ер 18,12Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.

133,7; 10,24; Рим 7,11; 2 Кор 6,1-2; 1 Сол 5,11; 2 Сол 2,10Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;

1411,1зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;

15Пс 95,7-8додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“

164 Мојс 14,2А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет?

174 Мојс 14,29Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината?

185 Мојс 1,26; 1 Кор 10,5А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни?

193,12; 4,6; Пс 78,22; 106,24; Јн 3,36И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help