1 , сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа,
382,14; Пс 118,26; 148,1велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“
39Мт 21,15-16А некои фарисеи од народот Му рекоа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“
40Авак 2,11Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
Исус плаче за Ерусалим41 Јн 11,35 А кога се приближи и го виде градот, заплака над него
428,10; 13,34-35; 5 Мојс 32,29; Ис 6,9-10; Мт 13,14; Рим 11,8-10и рече: „Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи.
4321,20-24; Ер 6,6; Ез 4,2Зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со ровови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни;
441,68; 12,54-56; 21,6; 23,28-31; Пс 137,9; Мт 24,2; 1 Птр 2,12и ќе те срамнат со земјата тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен.“
Исус во храмот(Мт 21,12-17; Мк 11,15-19; Јн 2,13-22)45И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него,
461 Цар 8,30-40; Ис 56,7; Ер 7,11велејќи: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“
476,11; 21,37; Мт 12,14; 26,55; Јн 5,18; 18,20И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат,
4820,19; 21,38но не пронајдоа како да Му го направат тоа, зашто сиот народ Го слушаше со големо внимание.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
