1Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги раскажувам сите чудеса Твои;
226,7; 75,1; 86,12се радувам и се веселам во Тебе, го воспевам името Твое, Севишен!
37,17; 92,1Кога се повлекоа непријателите мои, се сопнаа, и погинаа пред Тебе.
4Бидејќи Ти се зазеде за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, досуди праведен суд.
57,11; 89,14Им запрети на незнабошците, го погуби нечестивиот; името им го сотре за сите векови.
65 Мојс 9,14Непријателот исчезна во вечни урнатини; градовите му ги разруши, и загина споменот за нив.
71 Мојс 19,23-25; Јов 18,17Но Господ вечно седи на престолот; го подготвил престолот Свој за суд;
8102,12; 2 Мојс 15,18; Плач 5,19Тој ќе му суди на светот според правда, на луѓето ќе им суди праведно.
972,2; 96,10.13; 98,9; 1 Сам 2,10; Дела 17,31Господ им е тврдина на угнетените, крепост во време на неволја.
10Нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.
1136,10; 87,4; 91,14; Ис 25,4Пејте Му на Господ Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;
127,7; 65,1; 132,13-14; Ис 12,6бидејќи Тој се одмаздува за крв; ја помни; не ги заборава пискотниците на угнетените.
131 Мојс 9,5; Јов 16,18Смилувај се, Господи, на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од портите на смртта.
14107,18; Ис 38,10; Мт 16,18За да можам да ги искажам сите славослови за Тебе пред портите на ќерката Сионска и да воскликнувам радосно за спасението Твое.
15Попаѓаа незнабошците во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна.
167,15Господ се појави и пресуди; во делата на рацете свои грешникот се заплетува.
17Ќе заминат во пеколот сите грешници, сите народи, кои Бога Го забораваат.
1850,22Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да пропадне.
19Изреки 23,18Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека примаат суд пред Тебе.
207,6Заплаши ги, Господи, за да разберат незнабошците дека се само луѓе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
