1 5 Мојс 2,1; Ер 1,11.13; 49,14; Мих 1,1; Авак 2,2-3 Вака му вели Господ Бог на Едом: „Чувме глас од Господ, гласник е испратен меѓу народите: ‚Станете, да војуваме против него!‘“
2Ер 49,15Еве, те направив најмал меѓу народите, многу си презрен.
3Ис 14,13; Ер 49,16Гордоста на твоето срце те измами, тебе, кој живееш во камени пештери, во својот висок дом, и му велиш на своето срце: „Кој е тој што ќе ме собори на земја?“
4Авак 2,9; Мт 11,23И да се кренеш високо како орел, да направиш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те симнам, говори Господ.
5Ер 49,9; Мих 7,1Крадци кога би дошле кај тебе, или ноќни разбојници, зар не би украле онолку колку што сакаат? Берачи на грозје ако би те нападнале, зар би оставиле нешто за доберување?
6Ер 49,10Како беше пребран Исав, и како му ги пребараа сите негови сокриени работи!
7Ер 38,22; Пс 41,9До граница те избркаа, сите твои сојузници те измамија и оние што јадат со тебе, стапица ти поставија – тоа не може да се разбере!
8Ис 19,11-15; 29,14; Ер 8,8-9; 49,7; 1 Кор 1,19Во оној ден, вели Господ, ќе ги погубам мудрите во земјата едомска и разумните во гората Исавова.
9Ер 49,22И јунаците твои ќе се уплашат, Темане, за да се истребат сите од гората Исавова.
Суровоста на Едом10 Јоил 4,19; Амос; 1,11-12 Поради насилството и заради убиството, што му го направи на братот твој Јаков, со срам ќе бидеш покриен и ќе бидеш отфрлен засекогаш.
11Ез 25,12; Пс 137,7Во оној ден кога ти си стоеше настрана; во оној ден кога туѓинци му го изнесуваа богатството и кога туѓинци влегуваа низ вратата негова и фрлаа ждрепка за Ерусалим, беше и ти како еден од нив.
12Мих 7,8Не радувај се на несреќниот ден на твојот брат ниту на пропаста на синовите Јудини, а уште помалку да ја отвораш устата своја во денот на нивните страдања.
13Не провалувај низ вратата на Мојот народ во денот на неговата неволја, не насладувај се на нивното зло во денот на нивната погибел, и не земај од имотот нивни во денот на нивната пропаст.
14И не стој на нивните крстопати, за да ги убиваш оние што бегаат, ниту да ги предаваш оние, што преживеале во денот на нивната неволја.
Господ ќе им суди на сите народи15 Ер 50,29; Јоил 1,15 Зашто денот Господов за сите народи е близу: како си правел, така ќе ти се прави; отплатата ќе падне на твојата глава.
16Плач 4,21Зашто, како што пиевте на Мојата света гора вие, така ќе пијат сите народи, ќе пијат без здив и докрај, и ќе бидат како никогаш да не биле.
Победата на Израел17 Јоил 3,5; 4,17 Но на гората Сион ќе бидат спасени и ќе биде света, и домот на Јаков ќе го добие своето наследство.
18Зах 12,6Домот на Јаков ќе биде оган, а домот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.
19Амос 9,12Жителите на Негев ќе ја наследат гората Исавова, а рамнината филистејска – жителите од Шефела; ќе го наследат и полето Ефремово и полето самарјанско, а Венијаминовото колено ќе го наследи Галаад.
20Прогонетата, пак, војска на синовите Израелови ќе го наследи Ханан до Сарепта, а прогонетите од Ерусалим кои се во Сефарад, ќе ги наследат градовите во Негев.
21Мих 4,7; Зах 14,9; Пс 22,29И победниците ќе се качат на гората Сион за да ѝ судат на гората Исавова, и тогаш ќе настапи царството Господово.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.