1 103,1; Лк 1,47 Фали Го, душо моја, Господа!
230,12; 104,33; Ис 38,20Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам.
390,3; 104,29; Ис 2,22; Проп 12,7Не надевајте се во кнезовите и во синовите човечки, во нив нема спасение.
4Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат сите негови планови.
52,12; 84,12; 144,15; Ер 17,7Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господ, неговиот Бог,
6121,2; 124,8; 2 Мојс 20,11Кој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината,
768,6; 103,6; 140,13; Ис 42,7; 49,8; 61,1Кој извршува правда за угнетените, им дава леб на гладните; Господ крши окови на затворени.
8145,14Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
968,5; 2 Мојс 22,20-23; 5 Мојс 10,18Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на нечестивите го разурнува.
10145,13; 2 Мојс 15,18Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
