Лука 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Исус и грешниците

1 Мт 5,46; 9,10; Мк 2,15 Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат.

25,30; 7,34А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“

Парабола за загубената овца(Мт 18,12-14)

3Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече:

412,32; 19,10; Ер 23,1-4; Ез 34,11.16; Мих 4,6-7„Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги ос­тави останатите деведесет и девет во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде?

5А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;

6и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘

71,14; 15,10; Јк 5,20Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење.

Парабола за загубената драхма

8Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде?

9А штом ќе ја најде, ќе повика прија­тели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘

10Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“

Парабола за загубениот син

11 Мт 21,28 И рече: „Еден човек имаше два си­на.

125 Мојс 21,16-17Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот.

13Изреки 29,3По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно.

14И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака;

155 Мојс 14,8па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи.

16И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

17А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад.

18Пс 51,5Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе,

19Ис 55,7и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘

201 Мојс 29,13; 2 Сам 14,33; Ис 49,15; Ер 3,12; 31,20Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.

21И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘

221 Мојс 41,42; Зах 3,4А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;

23па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме,

24Ефес 2,1.5; 5,14; 1 Тим 5,6зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат.

25А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици.

26И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘

27А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘

28Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.

29А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели;

30Изреки 29,3а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘

31А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое;

32но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help