Малахија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Божјата љубов кон Израил

1Пророчко слово од Господ до Израил преку Малахија.

25 Мојс 4,37; 7,7-8; Ис 54,8; Ер 31,3; Ез 16; Ос 11,1Ве засакав, вели Господ. А вие рековте: „Во што си покажал љубов кон нас?“ Зар Исав не е брат на Јаков, вели Господ, но сепак Јас го засакав Јаков,

31 Мојс 25,23; Јоил 4,19; Рим 9,13а Исав го замразив и ги предадов планините негови, за да се запустат, и пределите негови – на чакалите пус­тински.

4Ис 9,9-10Ако Едом рече – ние сме разорени, но ќе се подигнеме сами, Господ Саваот вели – тие ќе се подигнат, но Јас пак ќе ги разурнам, и така ќе ги наречат – грешна земја и народ – на кои се разгневил Господ засекогаш.

5И вие ќе го видите тоа, па ќе ре­че­те: Голем е Господ преку границите на Израил.

Суд против свештениците

6 2 Мојс 20,12; 5 Мојс 1,31; 32,6; Ис 29,13 Синот го почитува татко си, а робот – господарот свој; а ако сум Јас Татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене – вели Гос­под Саваот; вие свештениците, кои го презирате името Мое, велите: во што го презираме името Твое?

7На жртвеникот Мој вие принесувате опоганет леб, а велите, со што Те осквернуваме? – Со тоа што велите: трпезата Господова не заслужува почитување.

83 Мојс 22,18-25И кога како жртва принесувате слеп добиток – нели е тоа лошо, или кога принесувате куцо и болно, зар и тоа не е лошо? Ако го однесеш тоа на твојот кнез – ќе биде ли тој задоволен од тоа и ќе те прими ли со радост? – вели Господ Саваот.

91 Цар 13,12; Зах 7,2; Дан 9,13И така, молете Му се на Бога за да нѐ помилува; но штом таква работа излегува од рацете ваши, ќе може ли Тој тоа милостиво да го прими? – вели Господ Саваот.

10Ер 6,20; Амос 5,22Подобро е некој од вас да ја зат­вори вратата и да не се пали напразно оган на Мојот жртвеник! Не сте Ми мили, вели Господ Саваот, и не сакам да примам дар од вашите раце.

11Ис 45,6; 59,19; Соф 3,9-10; Пс 75,1; 99,3Зашто од сончевиот исток па сѐ до запад името Мое е големо меѓу народите, и тие на секое место принесуваат темјан и чиста жртва; големо е името Мое меѓу народите, вели Господ Саваот.

123 Мојс 18,21; Ез 36,22; Амос 2,7А вие го сквернавите со тоа што велите – трпезата Господова не за­слу­жу­ва почитување и храната на неа е безвредна!

133 Мојс 22,18-25А притоа велите уште: ете колку голем труд, а можеше и без тоа, вели Господ Саваот; принесувате крадено, куцо и болно, а притоа принесувате уште и таков лебен дар: па можам ли со благонаклоност да го примам тоа од вашите раце? – вели Господ Саваот.

14Пс 46,2Нека е проклет оној што лаже, оној кој во стадото свое има здрав овен, а дал и завет, па во жртва на Господ Му принесува јалова овца! Зашто Јас сум Цар голем и името Мое е почитувано меѓу народите, вели Господ Саваот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help