1
7И што тогаш? Израел не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,
85 Мојс 29,3; Ис 29,10; Мт 13,13-14како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“
9Пс 35,8; Пс 69,23-24И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и отплата;
10да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“
1110,19; Мт 21,43; Дела 13,5Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.
12Мт 8,11-12; 21,43Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.
13Дела 9,15Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,
1410,19; 1 Кор 9,22та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.
15Лк 15,24.32; 2 Кор 5,17-21Зашто, ако нивното отфрлање значи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?
164 Мојс 15,19-21; 5 Мојс 15,19; Ез 44,30; Неем 10,37Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
17Ефес 2,11-12Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката,
183,27; 1 Кор 1,31не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!
19Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.
202 Кор 1,24Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.
21Лк 23,31Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, нема ни тебе да те поштеди.
22Јн 15,2.4; Евр 3,14Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во благоста; во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.
23Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.
24Зашто, ако си ти откинат од маслинка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.
Израел не е засекогаш отфрлен25 12,16; Изреки 3,7; Лк 21,24 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците.
26Ис 59,20-21
Мт 23,39И така целиот Израел ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.27Ис 27,9; Ер 31,33-34И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“
285 Мојс 4,37Со оглед на Евангелието, тие се непријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога заради татковците,
294 Мојс 23,19; 1 Сам 15,29зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.
303,26Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослушност,
3111,11така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.
32Ез 18,23; Гал 3,22Зашто Бог ги затвори сите со непослушност, па кон сите да покаже милост.
33 Пс 139,6.17-18; Кол 2,3 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!
34Ис 40,13; Ер 23,18; 1 Кор 2,16Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?
35Јов 41,3Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?
3616,24; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 2,10Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.