1 Мт 18,15; 1 Кор 10,12; Јк 5,19 Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.
2Јн 13,34; Рим 8,2; Јк 1,25Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.
31 Кор 4,7Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.
46,14-15; 1 Кор 11,28; 2 Кор 13,5Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг.
5Рим 14,12Зашто секој ќе го понесе својот товар.
6Рим 15,27; 1 Кор 9,11.14А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.
7Ос 8,7; Јов 13,8-9Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.
8Јн 3,6; Рим 8,13Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
92 Сол 3,13Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.
10И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
Христовиот крст и новото создание11 Фил 1,19 Гледајте со колку големи букви ви напишав со својата рака.
12Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крстот Христов.
13Рим 2,21Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело;
142,19; 5,24; 1 Кор 1,31; 2,2а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.
155,6; 2 Кор 5,17; Откр 21,5Зашто во Исус Христос ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание.
16Пс 125,5; 128,6На оние што постапуваат и по тоа правило, и отсега натаму нека биде мир и милост, ним и на Израел Божји!
172 Кор 4,10; 6,4-5; Кол 1,24И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело белезите на Исус.
18Фил 4,23; 2 Тим 4,22; Фил 1,25Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.