1 1 Мојс 30,23; Ер 15,16; Амос 9,12; Лк 1,25 Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име – симни го од нас срамот наш!“
26,13; 53,2; Ер 23,5-6; Зах 3,8; 6,12; Пс 72,16Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата – во величие и слава, за спасените синови израелски.
310,20; 37,31; Ез 6,8-9; Соф 3,13; Мал 3,16Тогаш преостанатите на Сион и преживеаните во Ерусалим – сите, запишани како да живеат во Ерусалим, ќе се нарекуваат свети,
4кога Господ ќе ја измие нечистотијата на ќерките сионски и ќе ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали.
52 Мојс 13,21-22; Ос 7,6; Пс 19,5; Плач 2,3И ќе направи Господ над секое место на гората Сион и над собранијата, облак и дим дење, а блесок од пламнат оган – ноќе; зашто слава ќе покрива сѐ.
625,4-5; Пс 91,2; Откр; 7,15-16И ќе има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
