1 Солуњаните 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Мисионерската дејност на Павле во Солун

1 1,5.9 Вие сами знаете, браќа, дека на­шето доаѓање кај вас не беше залудо;

2Дела 16,19-24; 17,1-5; Рим 1,1; Фил 1,30напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба.

3Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,

4Ер 11,20; Пс 7,9; 2 Кор 5,9; Гал 1,10; Ефес 3,7; 1 Тим 1,11туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши.

52,10; Дела 20,33; Рим 1,9; 2 Птр 2,3Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!

6Јн 5,41.44И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,

7Гал 4,19иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бев­ме меѓу вас така нежни, како што се од­несува мајката кога ги дои своите де­ца.

8Јн 15,13; Рим 9,3; 2 Кор 12,15Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.

94,11; Дела 18,3; 20,33-35; 1 Кор 4,12Спомнете си браќа за нашиот труд и ма­ка: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо.

104,11; 2 Сол 3,7-9Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.

111 Кор 4,15Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,

12Мт 4,17; Ефес 4,1; Фил 1,27; 2 Сол 1,5; 1 Птр 5,10ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.

Пофалување на верата на Солуњаните

13 1,2; Мк 4,16; Дела 11,1; Рим 11,16; Гал 1,11; 2 Сол 2,13; Евр 4,12 Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате.

141,6; Дела 17,5.13; Гал 1,22Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците

15Лк 24,20; Мк 10,34; Дела 2,23; 7,52; 13,45.50; 14,2.5.19што ги убија Господ Исус и проро­ците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;

161,10; 1 Мојс 15,16; Мт 23,32-33; Рим 1,18тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.

Павле посакува повторно да ги види Солуњаните. Испраќањето на Тимотеј

17 3,10; Рим 1,10-11; 1 Кор 5,3; Кол 2,1.5 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема жел­ба се грижевме да ве видиме.

182 Сол 2,7.9Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дој­деме кај вас; но нѐ попречи сатаната.

193,13; 5,23; Ез 16,12; Мт 16,27; 1 Кор 9,25; 15,23; Фил 2,16; 4,1Зашто, кој е нашата надеж или ра­дост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Хрис­тос при Неговото доаѓање?

202 Кор 1,14; Фил 4,1Да, вие сте нашата слава и радост!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help