Излез 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Градителите на скинијата

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

237,1; 38,22; 1 Лет 2,20; 2 Лет 1,5„Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот на Ор, од племето Јудино;

328,3; 1 Цар 7,14и го исполнив со Духот Божји, со мудрост, разум, знаење и секаква умешност;

4да работи со злато, сребро и бакар;

5да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби.

628,3; 36,1-2; 38,23И, ете, му го дадов за помошник Охо­лијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни луѓе им дадов разум да се потрудат да направат сѐ како што ти заповедав:

736,8-38; 37,1-6скинијата, и ковчегот на заветот, и чистилиштето над него, и сиот прибор во скинијата;

837,10-28; 3 Мојс 24,4и трпезата со сите нејзини принадлежности, и светилникот од чисто злато со сите делови негови, и кадилниот жртвеник;

930,18; 38,3жртвеникот за жртви сепаленици со сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово;

1028,2и одеждите на Арон за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ќе ми свештенодејствуваат;

1125,6; 30,22-32; 37,29и маслото за помазание, и кадивото благопријатно за светилиштето – сѐ нека направат така, како што ти заповедав.“

Празнување на саботата

12И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

1320,8-11; 3 Мојс 20,8; Ез 20,12; 37,28„Кажи им на синовите на Израел така: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува.

144 Мојс 15,32-36Пазете ја саботата, бидејќи таа е света за вас: кој ќе ја оскверни, да се погуби. Секој, кој ќе врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој.

1520,8-11; 35,2; 3 Мојс 23,3Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ: секој, кој ќе работи во саботен ден, нека се предаде на смрт.

16Затоа синовите израелски нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои како вечен завет.

1720,9.11; 1 Мојс 2,2-3; 9,9; Ис 56,2; 58,13; Ер 17,21-22; Ез 20,12.20Тоа е знак меѓу Мене и синовите на Израел довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори.“

1824,12; 32,15-16; 34,1.28; 5 Мојс 4,13; 9,10; 2 Кор 3,3; Евр 9,4И кога Бог престана да зборува со Мојсеј на Планината Синајска, му ги даде двете плочи на заветот – камени плочи, напишани со прст Божји.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help