1 Ез 43,27 А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старешините израелски,
2па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.
3И на старешините израелски кажи им: земете козел за жртва за грев, и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,
42 Мојс 32,6а и теле, и овен за принесување жртва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“
5Зедоа сѐ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот народ, па застана пред Господ.
62 Мојс 16,7; 24,16Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“
7Евр 5,1; 7,27Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“
8Тогаш пристапи Арон до жртвеникот и закла теле за него, како жртва за грев,
9Ез 43,20и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот;
10лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;
11месото, пак, и кожата ги изгоре надвор од логорот.
12Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;
13му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,
14а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.
15Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.
16И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.
17А принесе и лебен принос и ги наполни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва сепаленица.
18Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и синовите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;
19му го дадоа и лојот од волот и опашката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,
20па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;
21градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
221 Мојс 48,20; 2 Мојс 39,43; 2 Сам 6,18; Лк 24,50Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа слезе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир.
232 Мојс 24,16; 1 Цар 8,10-11; 2 Лет 7,1-3А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе:
242 Мојс 19,18; Суд 6,21; 13,20; 1 Цар 18,39и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.