Езекиел 41 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Опис на внатрешноста на храмот

1Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лак­ти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата.

2Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата стра­на, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти.

3И влезе внатре, па ги измери столбовите покрај вратите – по два лакта, и вратите – по шест лакти, додека широ­чината на вратата е седум лакти.

4Го измери храмот – дваесет лакти надолж и дваесет лакти широк, па ми рече – тоа е Светињата над светињите.

Странични соби

5 1 Цар 6,5 Го измери ѕидот на храмот – шест лакти, а широчината на собите околу храмот – по четири лакти.

6Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се наоѓаа во ѕи­дот, што беше околу храмот што беше врска со него, но не се допираа до ѕидо­вите на самиот храм.

71 Цар 6,6И храмот сѐ повеќе се ширеше нао­колу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше сѐ погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, зашто искачувањето од долниот кат сѐ до горниот, минуваше преку средниот.

8И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата ос­нова имаа мерка – една трска; шест полни лакти.

9Ширината на ѕидот од страничните соби, што се издаваа надвор – пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор.

10И меѓу собите имаше растојание – по дваесет лакти околу целиот храм.

11Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; широчината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу.

Западната страна

12Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; ѕидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти.

Димензиите на храмот

13Го измери тој храмот – сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти.

14И ширината на храмот откај предната страна на плоштадот кон исток – пак сто лакти.

151 Цар 6,15-18Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна – по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот.

Детален опис на храмот

16Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложе­ни со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени.

17Од горниот дел на вратата како од­внатре на храмот така и однадвор и по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор, имаше фигури резбарени;

181 Цар 6,29беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим – по две лица.

191,10Од едната страна кон палмата има­ше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата – лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу.

20Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.

21Во храмот имаше четириаголни до­вратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел.

Дрвениот жртвеник

22 2 Мојс 30,1 Жртвеникот беше дрвен – три лакти висок и два лакти долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој – тоа е трпезата што е пред Господ.

Вратите

23Во храмот и во светилиштето има­ше по две врати.

24Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни – по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата;

25на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по ѕидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под.

26А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help