Јов 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Одговор на Јов (продолжение): виновниот ќе Го повикува ли Бога?

1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:

219,25„Жив е Бог, Кој ме лиши од суд, и Седржителот, Кој ја огорчи душата моја,

314,14зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои,

46,28устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да ис­каже лага!

519,28Далеку е од мене мислата да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата непорочност.

616,17Цврсто ја држев правдата своја и нема да отстапам од неа; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои.

713,4Непријателот мој ќе биде како безбожник, и оној што станува против мене – како беззаконик.

813,9Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ќе ја земе, кога ќе ја истргне душата негова?

913,10Ќе го чуе ли Бог викањето негово, кога ќе го снајде неволја?

1013,11Ќе се утешува ли тој со Седржи­телот и ќе Го повикува ли Бога во секое време?

1113,6Ќе ви кажам што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Седржителот.

125,27Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?

Краткотраен успех

13 20,29 Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство што насилниците го добиваат од Седржителот.

145,4Ако синовите негови се умножу­ваат, меч ги чека; потомците негови нема да се наситат со леб.

1518,17Оние што ќе останат по него, смртта ќе ги турне в гроб, а вдови­ците нивни нема да плачат по нив.

1620,28И да натрупа купишта сребро како прав и да приготви многу облека, како земјен нанос,

1720,10тој ќе приготви, но ќе се облекува праведникот, а непорочниот ќе го добие среброто како свој дел.

1820,26Си гради куќа како молец и како чувар си прави колиба;

19легнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеќе тој.

2020,25Ужаси како голема вода ќе го стигнат; ноќе ќе го грабне луња.

2118,21Ќе го крене источниот ветар и виор ќе го понесе, и брзо ќе го однесе од местото негово.

2215,20Бог ќе го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови.

2320,27Ќе заплескаат со рацете по него и ќе му потсвирнат од местото негово!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help