1 Летописи 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Борците што му помагаа на Давид

1 Ис.Н. 15,31 Еве ги оние кои исто така дојдоа кај Давид во Циклаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саул; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,

2Суд 3,15вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Са­улови, од Венијаминовците;

3началник беше Ахиезер, по него Јоас, синови на Шемаја од Гива; Језиел и Пелет, синови Азмаветови; Бераха и Јуј од Анатот;

4Јишмаја од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината;

5Еремија, Јахазиел, Јоханан и Јозавад од Гедера;

6Елузај, Јеремот, Беалија, Шемарија, Цафатија од Харуфа;

7Елкана, Јишија, Азариил, Јоезер, и Јашовам, од Кореовците;

8и Јоила и Зевадија, синови на Јеро­хам од Гедор.

Давидови следбеници од племето на Гад

9 1 Мојс 30,11; 2 Сам 2,18; 17,10 Кај Давид во тврдината, во пустината дојдоа мажи јунаци, од Гадов­ците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни – лица лавовски, брзи како елени в гора.

10Главен беше Езер, втор Авдија, трет – Елијав,

11четврти Мишмана, петти – Еремија,

12шести – Атај, седми – Елиил,

13осми – Јоханан, деветти – Елзавад,

14десетти – Еремија, единаесетти – Махбанај.

153 Мојс 26,8; 5 Мојс 32,30Тие, синовите Гадови, беа началници во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.

16Ис.Н. 3,15Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што жи­вееја во долините кон исток и кон запад.

Давидови следбеници од племињата на Венијамин и Јуда

17 2 Сам 3,19 Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината кај Давид.

18Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“

19Суд 3,10; 1 Сам 25,5-6; 2 Сам 17,25; 2 Лет 15,1; 20,14; 24,20И духот го поттикна Амасај, на­чалникот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.“ Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.

Давидови следбеници од племето на Манасија

20 1 Сам 29,2-11 И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давид, кога војуваше со Филистејците против Саул. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите филистејски, откако се посо­ветуваа, го испратија, велејќи: „За наше зло тој ќе побегне кај својот господар Саул.“

211 Сам 27,6Кога се враќаше Давид во Циклаг, прибегнаа кон него луѓето Манасиеви: Аднах, Јозавад, Михаил, Јозавад, Ели­јуј, Цилтај, илјадници кај Манасија.

22Тие му помагаа на Давид против четите на Гедор, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.

23Така секој ден придоаѓаа кај Давид на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.

Војската на Давид

24 1 Сам 16,1; 2 Сам 2,3-4 Еве го бројот на вооружените за бој началници, што дојдоа кај Давид во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово.

25Од Јудините синови, копјеносци и штитоносци, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;

26од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;

27од синовите Левиеви – четири илјади и шестотини;

28дојде и Јодај, началник од Ароно­виот род, и со него три илјади и седумстотини;

29и младиот Садок, храбар јунак, и родот негов – дваесет и двајца начал­ници;

302 Сам 2,8-9; 3,19од синовите Венијаминови, браќа­та Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му беа верни на Сауловиот дом;

31од синовите Ефремови – дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;

32од половината од племето Мана­сиево – осумнаесет илјади, кои поиме­нично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид;

33од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Из­раел; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво;

34од племето Завулоново имаше го­тови за борба, вооружени со секак­ви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;

35од племето Нефталимово – илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;

36од племето Даново – дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;

37од Асир – четириесет илјади војници, подготвени за борба;

38од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата по­ловина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.

399,1Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со искрено срце во Хеврон, за да го зацарат Давид над целиот Израел. Па и сите други Израелци беа еднодуш­ни да го зацарат Давид.

402 Сам 3,20; Ис 25,6-8И останаа таму кај Давид три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;

411 Сам 25,18; 2 Сам 16,1; 17,29па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоно­вото и Нефталимовото племе, им до­несуваа на магариња, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, ви­но и масло, како и многу ситен и крупен добиток, бидеј­ќи радоста беше голема за Израел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help