Исус Навин 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Преминувањето на Јордан

1Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Израелови, и ноќеваа таму пред да го преминат.

21,11По три дена тргнаа управителите низ логорот,

34 Мојс 10,33; 5 Мојс 31,9и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив.

4Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“

57,13; 2 Мојс 19,10.15; 3 Мојс 11,44; Суд 6,13; Ер 10,10; 23,36; Пс 42,2; 84,3; Дан 6,27; Мт 16,16И му рече Исус на народот: „Ос­ветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“

6На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот.

7Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израелови, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе.

8А сега заповедај им на свеш­те­ниците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“

9Исус им кажа на синовите Изра­елови: „Дојдете ваму и чујте ги збо­ро­вите на Господ, вашиот Бог!“

102 Мојс 34,9; 5 Мојс 7,1Уште им рече Исус: „Од тоа ќе дознаете дека меѓу вас е живиот Бог, Кој ќе ги изгони од вас Хананците и Хи­тијците, Евејците и Перизијците, Гер­гесејците, Аморејците и Јевусијците;

11ете, ковчегот на заветот на Гос­по­дарот над целиот свет ќе тргне пред вас преку Јордан;

124,2.4и земете си дванаесетмина луѓе од синовите Израелови, по еден човек од секое племе;

132 Мојс 14,22; Ис 11,15и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господарот над целиот свет, ќе стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ќе се пре­кине, а водата што тече одозгора, ќе запре.“

14И така, кога народот тргна од шаторите свои за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот пред народот,

15Пс 114,3; 1 Лет 12,16тогаш, штом оние, што го носеа ков­чегот влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а беше време кога Јордан, во текот на целиот период на жетвата на пченицата се из­лева од своите брегови,

162 Мојс 14,21-22водата, што течеше одозгора, запре и се претвори во карпа оддалечена на многу големо растојание, кај градот Адам, кој се наоѓа во пределот Царе­тан; а водата што течеше надолу, исте­чуваше кон Арабиското, односно Соле­ното Море, сѐ додека не истече докрај.

174,3А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израелови преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help