1 1 Мојс 13,18; 23,19 Се собраа сите Израелци кај Давид во Хеврон и рекоа: „Еве, ние сме коска твоја и плот твоја;
22 Сам 18,5.16; Пс 78,71; Мт 2,6и порано, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израел: и Господ, твојот Бог, ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ Израел и ти ќе бидеш водач на Израел, Мојот народ.‘“
31 Сам 16,1-13Тогаш сите израелски началници дојдоа кај царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давид за цар над Израел, според словото Господово преку Самоил.
41 Мојс 10,16; 15,18-21; Ис.Н. 3,10; 15,8И тргна Давид и сиот Израел за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусијците, жители на таа земја.
5Жителите на Јевус му рекоа на Давид: „Нема да влезеш тука.“ Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов.
62 Сам 2,13И рече Давид: „Кој од сите вас најнапред ќе ги победи Јевусијците, ќе стане началник и војвода.“ Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана началник.
7Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нарекуваа Давидов град.
82 Лет 32,5Тој изгради ѕидови околу градот, почнувајќи од Мило па сѐ наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот.
9Давид напредуваше и се воздигаше сѐ повеќе и повеќе, и Господ Саваот беше со него.
Давидовите јунаци(2 Сам 23,8-39)10Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израел, за да го зацарат над Израел според словото Господово.
112 Сам 17,10Еве го и бројот на јунаците што беа кај Давид: Јашовам, син Хахмониев, прв од триесеттемина: тој го извлече мечот свој против триста души и наеднаш ги порази.
12По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо – еден од тројцата јунаци:
13Тој беше со Давид во Пас-Дамим, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците;
142 Мојс 14,30; 1 Сам 11,13но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ им донесе голема победа и ги спаси Своите луѓе.
15Ис 17,5Тие, тројцата главни од триесеттемина водачи, се качија на карпата кај Давид во пештерата Адулам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската Долина.
162 Сам 5,17Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем.
17Давид ожедне и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот извор, што е кај портите?“
185 Мојс 12,16Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот извор, што е кај портите, та му донесоа на Давид. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господ.
19И рече: „Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ќе ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата.“ И не сакаше да ја пие. Тоа го извршија тие тројца јунаци.
201 Сам 26,6И Авеса, братот Јоавов, беше главен меѓу тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави меѓу тие тројца.
21Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но оние тројца тој не ги достигна.
22Ис.Н. 15,21; 1 Сам 17,36Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавцеел, ги уби двајцата синови на Ариил моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време;
231 Сам 17,7пак тој уби еден Египќанец, кој беше пет лакти висок: Египќанецот имаше во раката копје колку едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египќанецот, го уби со неговото копје.
24Тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тие тројца јунаци;
25тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди.
26А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоав; Елханан, син на Додо, од Витлеем;
27Шамот Хароранин, Хелец Пелонјанин;
28Ира, син на Икеш Текоатски; Авиезер Анатотски;
29Сивхај Хушаќанецот; Илај Ахохиецот;
30Махарај Нетофатец; Хелед, син на Баана, Нетофатецот;
31Итај, син Риваев, од Гива Венијаминова; Ванеја Пиратонјанецот;
32Хурај од Гаашките потоци, Авиел од Бет-Арава;
33Азмавет Бахарумиец; Елјахба Шаалбониец.
34Синови на Гизонецот Хашем: Јонатан син на Шате, Харариецот;
35Ахијам, син Сахаров, Харариец: Елифал, син на Ур;
36Хефер Мехератиецот; Ахија Пелонјанинот;
37Хецро Кармилански; Наарај, син Езбаев;
38Јоил, брат Натанов; Мивхар, син Хагриев;
39Целек Амонец; Нахрај Бероќанинот, оружјеносец на Јоав, син Саруев;
40Ира Јитранецот; Гарев Јитранецот;
41Урија Хитиецот; Завад, син Ахлаев;
42Адина, син на Шица, началник на Рувимовците, и со него уште триесет;
43Ханан, син на Мааха; Јосафат Митниецот;
44Озија Аштератиецот; Шама и Јеиел, синови на Хотам од Ароер;
45Једиаел, син на Шимриј, и Јоха, негов брат од Тиц;
46Елиил од Махавим, и Јеривај и Јошавија, синови Елнаамови, и Јитма Моавецот;
47Елиил, Овид и Јасиел од Мецоваја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.