Дела 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Павле ја искажува својата одбрана пред Агрипа

1 13,16; 21,40 Агрипа му рече на Павле: „Допуштено ти е да зборуваш во своја полза.“ Тогаш Павле ја подаде ра­ката и почна да зборува во своја од­бра­на:

2„Радосен сум, царе Агрипа, што де­нес пред тебе ќе можам да се бранам за сѐ што ме обвинуваат Јудејците,

3дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.

4Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;

5тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;

623,6; 24,21а сега стојам пред суд поради на­деж­та во ветувањето дадено од Бога на тат­ковците наши,

7кое нашите дванаесет колена се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи Му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците.

8Рим 4,17; Евр 11,19Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува дека Бог воскреснува мртви?

92,22Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус од Назарет;

10така и направив во Ерусалим и, от­како добив власт од првосвештениците, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував,

11и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.

Павле раскажува за своето обраќање(Дела 9,1-19; 22,6-16)

12 9,2 За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,

13Лк 2,9среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.

14Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски ја­зик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бо­дило.‘

15А јас реков: ‚Кој си ти, Господи?‘ Тој одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го го­ниш ти.

1622,15Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,

179,15; Ер 1,5-8издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега,

1820,32; Ис 42,7.16; Кол 1,12-14; 1 Птр 2,9за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘

Павле зборува за своето дело

19Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение,

209,27-29; Рим 15,19но најнапред на жителите во Да­маск и Ерусалим, а потоа по целата Ју­дејска земја и на незнабошците им про­поведав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покаја­ние.

2121,30-31; 24,19Затоа ме фатија Јудејците во хра­мот и се обидоа да ме убијат.

2217,2-3; 24,14Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи:

2313,47; Лк 24,46дека Христос мора да пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им про­поведа светлина.“

Павле го повикува Агрипа да ја прифати верата

24А додека го зборуваше ова во од­брана, Фест извика со висок глас: „Си полудел ли, Павле! Многубројните кни­ги те довеле до лудило!“

25А тој одговори: „Не сум луд, по­чи­туван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.

26Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, заш­то тоа не е вршено во некој агол.“

27„Веруваш ли, царе Агрипа, во Про­роците? Знам дека веруваш.“

28Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да ста­нам христијанин!“

29А Павле рече: „Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти, но и сите, што ме слушате денес, да ста­нете такви, каков што сум и јас, но без овие окови.“

30Кога го кажа тоа, царот и намесни­кот Верникиј и оние, што седеа со нив, станаа

3123,29и, откако се повлекоа на страна, зборуваа меѓу себе и велеа дека тој чо­век не прави ништо што заслужува смрт или окови.

32И Агрипа му рече на Фест: „Овој човек можеше да биде ослободен, ако не беше посакал суд пред царот.“ Затоа намесникот реши да го испрати пред царот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help