Проповедник 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1Има едно зло, што го видов на земјата, и тоа често е меѓу луѓе­то:

22,18; Лк 12,20Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, што и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло!

3Јов 3,11Ако некој изнароди сто синови, про­живее многу години и уште му се умно­жат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ќе нема дури ни по­греб, подобро му е, велам, на недо­носче отколку нему,

4зашто залудо дошло и отишло во темнина, и името му е покриено со мрак.

5Тоа дури и не го видело и не го по­знало сонцето: но поспокојно е од оној.

63,20А оној, макар да проживеал и две илјади години, без наслада од добрата, нема ли да појде сѐ на исто место?

7Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити.

82,15А каква предност има умниот пред безумниот, каква – сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето?

91,14Подобро е да гледаш со очи, откол­ку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот.

Совети за мудрост

10Она што постои, тоа е веќе наре­чено со име, и се знае дека е тоа – чо­векот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него.

115,2Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е по­добро за човекот?

123,22; 9,9; Пс 102,11; 109,23; Јов 14,2Зашто, кој знае што е добро за чо­векот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него на земјата?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help