Агеј 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Славата на идниот храм

1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:

21,12„Кажи им сега на Зоровавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, и на Исус, Јоседековиот син, првосвеште­никот, и на другиот народ:

3Езд 3,10-13Кој од вас што останавте, го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи?

41,13; Езд 10,4Но охрабри се сега, Зоровавеле, – вели Господ – ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде – вели Господ – и ра­ботете, зашто Јас сум со вас“, вели Гос­под Саваот.

5„Како што ви ветив, кога излеговте од Египет, Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!“

6Авак 3,6; Пс 18,7; Евр 12,26Зашто вака вели Господ Саваот – „Уште еднаш – и ете, скоро ќе се случи тоа – ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното;

7Ис 60,7-11; Откр 21,24-26ќе ги стресам сите народи – и ќе дојде богатството на сите народи и ќе се исполни овој дом со слава“, вели Господ Саваот.

8Ис 60,17„Среброто е Мое и златото е Мое“ – вели Господ Саваот.

9Ер 33,6-9; Зах 8,12„Славата на овој нов храм ќе биде поголема отколку на поранешниот – вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир“, вели Господ Саваот.

Минатото и иднината

10На дваесет и четвртиот ден од де­веттиот месец, во втората година на Дариј, дојде слово Господово преку пророкот Агеј:

11Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот – прашај ги свештениците за Законот и кажи –

12Ер 11,15ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до масло, или до какво и да е друго јадење, дали би се осветило тоа?“ Одговорија свештениците и рекоа: „Не.“

133 Мојс 22,4-7; 4 Мојс 19,22Потоа пак рече Агеј: „Ако некој се осквернил, допирајќи мртовец и потоа би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?“ Одговорија свештениците и рекоа – „Ќе стане нечисто.“

14Тогаш рече Агеј – таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто.

151,5А сега размислете за минатото и за иднината, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господов,

161,6како изгледавте? Доаѓавте до купче од дваесет мери, а имаше само десет; доаѓавте да црпите од каца со зафатнина од педесет мери, а имаше само дваесет мери.

17Амос 4,9Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во секое дело на рацете ваши, но вие не се обративте кон Мене, вели Господ.

18Размислете од денес за натаму, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господов; обратете ги срцата ваши:

191 Мојс 49,25; Мал 3,10; Пс 84,6Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ќе ве благословувам.

Божјо Слово до Зоровавел

20И дојде слово Господово до проро­кот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено:

212,6„Кажи му на Зоровавел, управи­телот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата;

22Суд 7,22; Ез 38,21; Зах 14,13ќе урнам престоли на царства не­знабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, секој од мечот на својот другар.

23Ер 22,24; Зах 6,12-13; Пс 78,68Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салатиилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help