Ездра 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Кир дава одобрение за возобновување на храмот

1 Ер 25,11; 29,10; Дан 1,21; 2 Лет 36,22 Во првата година на персискиот цар Кир за да се исполни словото Господово искажано од устата на Ере­мија, го поттикна Господ духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:

2Ис 41,2; 45,1; 46,11; 60,3; Агеј 1,2; Пс 72,11вака вели Кир, царот персиски: „Господ, Бог на небото, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.

3Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господ, Бог Израелов, – Тој е Бог, Кој е во Ерусалим.

43,7; 4,3; 5,13; 2 Мојс 3,22; Ис 10,20-22; Откр 21,24А секој што останал во другите мес­та, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тие места со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и со доброволни прилози за Божјиот дом што е во Ерусалим.“

54,1; 10,9; 2 Мојс 35,21; Неем 11,4; Фил 2,13Тогаш кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештеници­те и левитите, секој, чиј дух го поттикна Господ, се подготвија да одат да го градат Господовиот дом што е во Ерусалим.

62 Мојс 3,21-22; 11,2-3; 12,35-36И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните приноси за храмот.

75,14; 2 Цар 24,13; Ер 52,17-19; 2 Лет 36,7А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог.

8Нив Кир, персискиот цар, ги изнесе со помош на ризничарот Митредат, а тој ги предаде под број на Сасавасар, управител на Јудеја.

9И еве го бројот нивни: златни чинии – триесет, сребрени чинии – ил­јада, ножеви – дваесет и девет,

10златни чаши – триесет, сребрени чаши, двојни – четиристотини и десет, други садови – илјада;

11вкупно садови, златни и сребрени, пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себеси Сасавасар, кога иселениците тргнаа од Вавилон за Еру­салим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help