1 13,19; 48,14.20; Ер 48,18; Плач 1,1 Слези и седни во прав, о, девице, ќерко вавилонска; седни на земја: престол нема, ќерко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика.
2Земи млин и мели брашно; симни го превезот, засукај ракави, разголи ги нозете, гази преку река:
364,4; Ер 13,22.26; Ос 2,5; Плач 1,8твојата голотија ќе се открие, и ќе се види твојата срамотија. Ќе се одмаздам и никој нема од тоа да Ме одврати.
441,14; 43,3; 44,6; 49,26; 51,15; Ер 50,34Нашиот Избавител – името Му е Јахве Саваот – Светецот Израелов.
5Седи молкум и прибери се во темнината, ќерко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата.
610,6; 42,24; 43,28; 54,8-9; 5 Мојс 4,20; Зах 1,15; Плач 2,21Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскверни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго.
742,25; 5 Мојс 32,28-29; Плач 1,9И си велеше: „Вечно ќе бидам господарка“, и на ум не го ставаше ова, не помислуваше што ќе стане потоа.
845,6; Соф 2,15; Откр 18,7Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која седиш и велиш во срцето: „Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдовица, ниту ќе осиромашам.“
951,19; 54,1-6; Откр 18,23Но ненадејно, во еден ден, ќе те снајде и едното и другото – загубата на децата и вдовството; во полна мера ќе те снајдат тие, при сето множество на твоите баења и големата сила на твоите маѓии.
10Ез 8,12; Пс 10,11; 94,7Зашто ти се надеваше на своето лукавство и велеше: „Никој не ме гледа.“ Твојата мудрост и твоето знаење – тие те заведоа од патот, а ти си велеше во срцето свое: „Јас – и никој друг!“
11Ќе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доаѓа тоа; ќе те снајде беда, која не ќе можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ќе те стигне погибел, за која и не мислиш.
128,19; 44,9; Откр 18,23Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби – ќе си помогнеш, можеби – страв ќе предизвикаш.
13Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи.
145,24; 44,16; 2 Мојс 15,7; Наум 1,10; Мал 3,19Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.
1545,20Такви ќе бидат оние, со кои соработуваше, со кои си тргувала од млади години. Секој талка по својот пат; никој не ќе може да те спаси.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.