Еремија 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поплаките на Еремија

1 Пс 119,137; Плач 1,18; Авак 1,13; Пс 73,3-12; Јов 12,6 Праведен си Ти, Господи, зар би се спорел со Тебе; но ќе прого­ворам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и зошто под­лите живеат во мир?

29,7; Пс 62,4; Мк 7,6Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно.

311,20; Пс 139А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое – тоа е со Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени.

423,10; Ос 4,3; Јоил 1,10; Плач 1,4До кога ќе тагува земјата, и ќе се суши тревата по сите полиња? Доби­токот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; зашто велат: Тој нема да види што ќе правиме ние.

Господ одговара

5Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако не беше спокоен во мирна земја, што ли ќе пра­виш, кога ќе надојде Јордан?

6Лк 21,16Зашто и браќата твои, и домот на таткото твој, те оговараат и зад твојот грб те оцрнуваат! Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе!

Гневот на Господ

7Јас го оставив Мојот дом, го напуш­тив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови.

8Моето наследство стана за Мене ка­ко лав во гора: крена глас против Мене – затоа го замразив.

9Лк 17,37Наследството Мое стана како птица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Оде­те, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете.

10Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пусте­лија, –

11Ис 42,25; 57,1го направија пустина, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, но никој не го зема тоа при срце.

1246,10; Ис 34,5По сите гори во пустината дојдоа пустошници, зашто мечот Господов уништи сѐ, од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество.

134,26Тие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква полза не добиваа; за­срамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господ.

Господ ќе се смилува и над другите народи

14 1,10 Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои го напаѓаа наследството што му го дадов на Мојот народ Из­раел: еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од него­вата средина.

15Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого – во земјата негова.

1610,2; 23,7Па, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејќи: „Жив Господ“, како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваал, ќе се населат меѓу Мојот народ.

17Ако, пак, не послушаат, ќе ги искоренам и наполно ќе истребам таков народ, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help