1 31,1 Закрили ме Боже, зашто кај Тебе се засолнувам.
2Му реков на Јахве: „Ти си Господ мој: без Тебе, нема блаженства за мене.“
3По светиите, кои се на земјата – вистинските благородници – со радост копнеам.
42 Мојс 23,13; Ер 7,18; Ос 1,2-9; Зах 13,2Оние што следат туѓи богови, ги намножуваат своите страдања; јас нема да ги принесувам нивните крвави преливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња.
511,6; 73,26; 109,31; 142,5; 4 Мојс 18,20; 5 Мојс 10,9; 18,1; Ер 10,16; Плач 3,24; Дела 2,25-28Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го држи в раце наследството мое.
6Меѓите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво.
7Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас.
8Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поколебам.
9Заради тоа се радува срцето мое, и воскликнува јазикот мој; па дури и телото мое спокојно почива,
10Дела 13,35зашто Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање.
11Изреки 5,6; 15,24Ти ми го покажа патот на животот; полнота од радост има пред Твоето присуство; вечно блаженство е во Твојата десница.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
