1 Рим 1,1; 2 Кор 1,1 Павле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен –
26,11; Пс 99,6; Дела 2,21; 9,14.21; 22,16; Рим 1,7; 10,12-13до црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.
3Да имате благодат и мир од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
4Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,
5Рим 15,14; 2 Кор 8,7преку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.
6Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво,
712,4; Лк 17,30; Фил 3,20; 2 Сол 1,7; 1 Птр 1,7.13така што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос.
8Фил 1,6.10Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
910,13.16; Рим 8,17; 2 Кор 1,18; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 1 Јн 1,3Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.
Поделби во Црквата10 Рим 12,16; 15,5; 2 Кор 13,11; Фил 2,2; 4,2 Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење.
11Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги.
122 Кор 10,7Сакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Аполосов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов.“
13Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?
14Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,
15та никој да не може да рече дека сте биле крстени во мое име.
16Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.
172,1Зашто Христос не ме прати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.
Исус Христос, моќ и мудрост во Бога18 Рим 1,16-17; 2 Кор 2,15; 4,3 Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.
19Ис 29,14Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“
203,19; Ис 19,11-12; 44,25; Јов 12,17Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост?
21Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.
22Мт 12,38; 16,1; Јн 2,18.23; 4,48; 6,30; Дела 17,18Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,
232,14; Гал 5,11ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие;
24Авак 3,18; Јов 12,13; Кол 2,3за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.
25Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето.
26Мт 5,3; 11,25; Лк 14,21; Јк 2,5Гледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни;
27но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните;
28Бог ги избра и неугледните и презрените на овој свет, и оние што не значат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто,
29Рим 3,27та никој да не се пофали пред Бога.
30Рим 10,4; Кол 2,3Од Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп,
31Ер 9,23; 2 Кор 10,17; Гал 6,14па да биде, како што е напишано: „Кој се фали, во Господ нека се фали.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.