Дела 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Беседата на Стефан

1Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“

2‘.

382 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пустината на Планината Синајска беше со ангелот кој му зборуваше, и со тат­ков­ците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде,

397,53; 4 Мојс 14,3и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со ср­цата свои и се свртеа кон Египет,

402 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на оној Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘

412 Мојс 32,4-6И во оние дни направија лик на те­ле, и му принесоа жртви на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.

42Амос 5,25-27

Ер 7,18; 8,2; 19,13А Бог се одврати од нив и ги остави да му служат на воинството небесно, како што е напишано во Книгата на пророците: ‚Доме Израелов, Ми принесовте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пустината?

43Вие го прифативте шаторот на Мо­лох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘

442 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.

45Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,

46Пс 132,5кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јако­вов.

472 Сам 7,12-16; 1 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом,

4817,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот;

49Ис 66,1-2‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка?

50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘

512 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.

522 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Правед­ни­кот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,

53Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот преку ангелите, а не го одржавте.“

Каменувањето на Стефан

54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.

55А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога,

56Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“

57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него.

585 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле.

59Лк 23,46; Пс 31,5И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!“

60Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help