Осија 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Надеж за Израел

1 1 Мојс 22,17; 32,13; 1 Цар 4,20; 5,9; Ис 10,22; Јн 1,12; Рим 9,26.27 „Но бројот на синовите Израелови ќе биде како песокот морски, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат – вие не сте Мој народ – ќе им се рече – вие сте сино­ви на живиот Бог.

21,5; Ис 11,13; Ер 3,18; Ез 37,15-22И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си пос­тават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јиз­реел.

32,24-25Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘.

Најава за казна на Израел

4 2,15; 4,1; 1 Мојс 38,15 Судете се со својата мајка, распра­вајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубо­дејството од градите свои, за да не ја сотрам,

5Ер 6,8; 9,11; 13,22; Ез 16,4-5; 16,39; Откр 17,16за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.

61,2И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.

75 Мојс 4,3; Ер 2,25; 3,13; 44,17; Амос 2,4Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубов­ниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак.

8Ер 2,23Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде па­теките свои;

95,15; 6,1-3; Ер 3,22; Лк; 15,17-18ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега.

105 Мојс 7,13; 8,11-18; Агеј 2,8; Пс 104,15А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал.

11Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.

125,14; 5 Мојс 32,39; Ез 16,37; Пс 50,22; Јн 10,29; Откр 17,16И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миле­ници, и никој не ќе ја избави од раката Моја.

13Ис 1,13-14; Ер 7,34; Амос; 5,21-23; 8,5И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.

14Ис 5,5-6; Пс 80,12-13И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љу­бовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат.

15Ер 2,32И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и грив­ни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ.

Господ ќе му помогне на Израел

16 13,5; Ер 20,7; Рута 2,13 Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце.

1711,1-3; 2 Мојс 13,17; Ис.Н. 7,24-26; Ис 65,10; Ер 2,2; Амос 5,25И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја.

18Амос 2,16И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш – мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш – Ваалу Мој.

19И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема по­веќе да се спомнува името нивно.

201,7; 1 Мојс 9,8; Ис 2,4; Ез 34,25; Зах 9,10; Јов 5,23; Мк 1,13И во тоа време поради нив ќе склу­чам сојуз со животните полски, со пти­ците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност.

21Ис 54,5-10; Ер 31,31-33И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и спра­ведливост, во благослов и милосрдност.

224,1; 5,4; Изреки 2,5И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.

232,17И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата,

241,4-9; 2,7.10и Земјата ќе му се одзове на житото и виното и маслото; а тие ќе му се одзоват на Јизреел.

25Ер 7,23; Рим 9,25; 1 Птр 2,10И ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја засакам Ло-Рухама и ќе му речам на Ло-Ами: ‚Ти си Мој народ‘, а тој ќе рече: ‚Ти си мој Бог!‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help