1 50,2 Ете, раката на Господ не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша.
250,1; 57,17; 5 Мојс 31,17-18; Ер 5,25Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.
31,15; Пс 5,10; Јов 27,4; Изреки 6,17Зашто рацете ваши се осквернети со крв, а прстите ваши – со беззаконие; устата ваша говори лага, јазикот ваш искажува неправда.
4Пс 7,14; Јов 15,35Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие;
514,29; Пс 58,2-9; Јов 8,14; Мт 3,7несат змиски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни – умира, ако, пак, ги скрши – отровна змија ќе исползи – од нив.
6Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни.
751,19; Пс 14,3; Изреки 1,16; Рим 3,15-17Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни – се мисли нечесни; по патеките нивни – опустошување и погибел.
848,22; 57,21; Изреки 2,15; 10,9; Лк 1,79Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.
Народот ги исповеда своите гревови9 Ер 8,15; Амос; 5,18-20; Јов 30,26; Јн 8,12 Затоа е и далеку од нас справедливоста, правдата не стигнува до нас: чекаме видело, а тоа темнина, – светлина, а одиме во мрак.
105 Мојс 28,29; Ер 13,16; Соф 1,17; Јов 5,14; 12,25; Плач 3,6Го пипкаме ѕидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, меѓу живите сме како мртви.
1138,14; Ер 8,15; Наум 2,8Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, – спасение, но тоа е далеку од нас.
12Ер 7,9; 14,7; Ос 5,5; Пс 51,4; Јов 16,8Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведочат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме.
13Ер 7,8Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачнувавме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови.
14Амос 3,10; Пс 55,10-11И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.
Господ ќе го избави Својот народ15 Јов 1,1.8; 2,3 И исчезна вистината, а кој се оддалечува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда.
1640,10; 51,5; 63,5; Ер 4,25; Пс 64,4И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата рака Му помогна и правдата Негова Го поддржа.
1761,10; Ефес; 6,14-17; 1 Сол 5,8И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шлемот на спасението; и се облече во кошула на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.
1866,6; 5 Мојс 32,43; Наум 1,2Според делата, според делата ќе им даде Тој на противниците Свои – со јарост, на непријателите Свои – со одмазда, на островите ќе им го даде заслуженото.
1924,14-15; 45,6; Мал 1,11; Пс 102,15И ќе се уплашат на запад од името на Господ, на исток – од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, – духот на Господ ќе го истера.
2041,14; Зах 9,9; Рим 11,26И ќе дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ.
2151,16; 2 Сам 23,2; Ер 1,9; Рим 11,27И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да излезат од устата твоја, од устата на потомството твое и од устата на потомците на твоето потомство, вели Господ, отсега и довека.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.