1
5Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот.
6 напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“
9 да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
193 Мојс 25,10-13да ја проповедам благопријатната година Господова!“
20Дела 6,15Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
212,11И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“
222,47; 4,15; Мт 13,55; Јн 7,46И сите Му потврдија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“
234,31-41; Мк 1,21А Тој им рече: „Некој од вас сигурно ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“
24Мк 6,4; Јн 4,44Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е омилен во својата татковина.
251 Цар 17,1; 18,1; Јк 5,17Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;
261 Цар 17,8-16и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;
272 Цар 5,1-14и имаше мнозина лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.“
28Дела 7,57А кога го слушнаа тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
294 Мојс 15,35; Дела 7,58па станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.
30Јн 8,59; 10,39Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
Исус во Капернаум. Силата на Неговиот збор(Мт 7,28-29; Мк 1,21-28)31 Мт 4,13 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32Мт 7,28-29; Мк 11,18И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33Мк 5,2.7Во синагогата се наоѓаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика гласно:
34Мт 8,29; Јн 6,69; Дела 3,14„Еј, што сакаш Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“
35А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.
36Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат!“
374,14; Мт 9,26Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
Исус оздравува многумина болни(Мт 8,14-17; Мк 1,29-34)38 Јн 4,52; Дела 28,8 Мт 4,18 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Симон имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39И како застана над неа, Тој ја прекори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.
4013,13; 1 Тим 4,14И на зајдисонце, сите што имаа болни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
413,15; Мт 14,33; 16,13.16; 22,41-42; Мк 3,11; Јн 1,20.41; 7,26-27.41-42; 11,27; 20,31; Дела 4,26; 17,3; Рим 9,5; 1 Јн 2,22Од мнозина излегуваа демони со викање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им дозволуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос.
Исус проповеда во Јудеја(Мт 4,23; Мк 1,35-39)42 Мк 1,35.37 Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43Мт 9,35; 24,14; Мк 1,14-15А Тој им рече: „И на другите градови треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пратен.“
44Мт 4,23И проповедаше по синагогите галилејски.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.