Исаија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Суд над Ерусалим и Јуда

1 Ез 14,13; Амос 8,11 Ете, Господ Бог Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезолот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,

2храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,

3војсководец и големец, советник, му­дар уметник и вешт говорник.

4Проп 10,16Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив.

519,2; Мих 7,2.6А во народот еден ќе угнетува друг, и секој – својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак – пред големец.

6Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татко си свој и ќе рече: „Ти имаш наметка, биди ни водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.“

7Ер 14,19А тој со клетва ќе рече: „Не мо­жам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.“

8Така пропадна Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нив­ни се против Господ, навредливи пред очите на Неговата слава.

91 Мојс 18,20-21; 19,4-11; Ос 5,5; 1 Тим 5,24Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажу­ваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.

Лоши водачи

10 Пс 58,11; Изреки 1,33 Кажете му на праведникот: „Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои;

11Гал 6,7а на беззаконикот – тешко нему, за­што врз него ќе паднат делата на рацете негови!

12Ос 4,12; Мих 3,5Угнетувачи на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заб­луда и го раскопуваат патот по кој одиш.“

13Ер 2,9; Ос 4,1-5; Мих 6,1-5; Пс 50,4Се крена Господ на суд – и стои, за да го суди народот.

145,1-7; Амос 2,6-7; Мих 2,1-3Господ влегува во суд со старе­шините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи.

15Амос 2,7; Пс 94,5; Изреки 22,22-23„Зошто го угнетувате народот Мој и ги газите сиромасите?“ вели Господ Бог Саваот.

За ерусалимските жени

16 Ез 16,50; Амос 4,1-3; Соф 3,11 Потоа рече Господ: „Поради тоа што ќерките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат,

1747,3; Ер 13,26; Ез 16,37; Амос 8,10Господ ќе го оголи темето на ќер­ките сионски, и ќе го открие срамот нивни.“

18Во оној ден Господ ќе ги одземе убавите веришки на нозете, секакви шнолички и полумесечинки,

19обетки, ѓерданчиња и ладила,

20превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси,

21прстење и алки за нос,

22горна облека и долна, шамичиња,

23светли тенки наметки, кошули, забратки и покривала.

2415,2; Амос 8,10И наместо пријатен мирис ќе има смрад и место појас – јаже, место кад­рени коси – ќелави глави, наместо ши­рока наметка – тесно вреќиште, место убавина – лузна.

252 Сам 1,12; Ос 14,1; Пс 78,64Мажите твои ќе паднат од меч, а јунаците твои – во битка,

2647,1; Ер 14,2; Јов 2,13; Плач 1,4; 2,10и портите на престолнината ќе воздивнуваат и ќе плачат, а таа ќе седи напуштена на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help