Даниел 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 9,1; Ис 13,17 А Дариј Мидиецот кој тогаш беше на шеесет и две години, го презеде царството.

Даниел во лавовска јама

2 2,4; Ест 1,1 Дариј реши во своето царство да постави сто и дваесет гувернери за да бидат управители во целото царство.

32,48-49; Езд 4,22А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниел – на кого гувернерите ќе му даваат сметка, за да не му досадуваат на царот.

41,20; 5,12-14; 1 Мојс 41,41Даниел ги надминуваше другите кнезови и гувернери, бидејќи во него имаше висок дух, и царот веќе се мислеше да го постави над целото царство.

5Ер 20,10Тогаш кнезовите и гувернерите се договорија да го обвинат Даниел во управувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак грешка, бидејќи тој беше верен и не­маше никаква грешка ни вина.

6Дела; 24,13-16Но тие луѓе рекоа: „Нема да најдеме причина против Даниел, ако не најдеме против него нешто во законот на неговиот Бог.“

7Неем 2,3Тогаш тие кнезови и гувернери отидоа кај царот и му рекоа вака: „Царе Дариј, жив да си довека!

83,6; Пс 64,1-5Сите кнезови во царството, намесниците, гувернерите, советниците и воените началници се согласија помеѓу себе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ќе се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама.

9Ест 1,19И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да биде неотповиклива како непроменлив закон мидиски и персиски.“

10Царот Дариј го потпиша решението и заповедта.

111 Цар 8,48-49; Пс 95,6; Мт 6,6; Дела 5,29А Даниел, штом разбра дека е пот­пишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна соба му беа отворени кон Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славеше, како што го правеше тоа и порано.

121 Цар 8,48-50; Пс 55,16; 1 Сол; 5,17-18Тогаш тие луѓе, демнејќи го, го најдоа Даниел дека се моли и Го призовува својот Бог;

13Ест 1,19потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: „Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ќе му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама?“ Царот одговори и рече: „Тој збор е цврст како и законот на Мидијците и Персијците, што не допушта измени.“

143,8-12; Ест 3,8Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: „Даниел, кој е од заробените синови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата што си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви.“

15Мк 6,26Царот кога го чу тоа, многу се за­грижи и си стави при срце да го спаси Даниел и дури до зајдисонце многу размислуваше како да го избави.

166,9; Ест 8,8Но оние луѓе дојдоа кај царот и му рекоа: „Царе, ти знаеш дека според законот на Мидијците и Персијците ни­едно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени.“

17Пс 37,39-40; 97,10; Јов 5,19Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниел, па го фрлија во лавовската јама; па царот му рече на Даниел: „Твојот Бог, Кому без престан Му слу­жиш, Тој нека те избави!“

18Мт 27,66Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на ве­ликодостојниците свои, за да не се изме­ни ништо по однос на Даниел.

192 Сам 12,17; Ест 6,1Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му доаѓаат конкубините, но сонот бегаше од него.

20А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама;

213,17и кога се приближи до јамата, со нажален глас го повика Даниел и му рече: „Даниеле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му слу­жиш, можеше ли да те избави од лаво­вите?“

22Неем 2,3Тогаш Даниел му одговори на царот: „Царе, да си жив довека!

233,28; Дела 12,11; 2 Тим 4,17; Евр 11,33Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, зашто јас излегов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап.“

243,27; Ис 12,2; 1 Лет 5,20Тогаш царот многу се зарадува за Даниел и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниел од јамата, и никаква повреда не се забележа на него, зашто тој веруваше во својот Бог.

255 Мојс 19,18-19; 2 Цар 14,6; Ест 7,9-10Царот заповеда, па ги доведоа оние луѓе, што го беа обвиниле Даниел, и ги фрли во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски.

263,4; 4,1Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои живееја по целата земја: „Мирот да ви се умножи!

273,29; Ис.Н. 2,11; 3,10; Ер 10,10; Пс 99,1; Ест 8,17Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Даниеловиот Бог, зашто Тој е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно.

28Тој избавува и спасува, прави чуде­са и знаци по небото и земјата; Тој го избави Даниел од шепите на лавовите.“

291,21; 2 Лет 36,22И така Даниел живееше добро и за време на царувањето на Дариј, а и во времето кога царуваше Кир Персиски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help