Осија 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пропаст на Израел

1 4,17 Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше првак во Из­раел; но се огреши со Ваал и загина.

28,5-6; 1 Цар 12,27.32; 19,18; Јов 31,27И сега продолжува да греши: напра­вија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги замислуваат – уметничка работа – па им велат на луѓето ним да им принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.

36,4; Ис 17,13; 41,16; Соф 2,2; Пс 1,4; Јов 21,18Поради тоа тие ќе бидат како утрена магла, како роса што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од оџак.

411,1; 12,10; 2 Мојс 20,2; 5 Мојс 5,6; Ис 43,11; 44,8; 49,26; 63,8Но Јас сум Господ, твојот Бог уште од земјата египетска – и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене; нема Спа­сител освен Мене.

52,16; 5 Мојс 32,10Јас те хранев во пустината, во засу­шената земја.

68,14; 5 Мојс 8,14; 32,15Јас ги хранев и тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.

75,14; Ер 5,6И Јас ќе бидам како лав за нив, како леопард што им демне покрај патот.

82 Сам 17,8; Изреки 17,12; Плач 3,10Ќе напаѓам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ќе им ги истргнувам срцата нивни и ќе ги изедам таму како лавица, полските ѕверови ќе ги раскинуваат.

9Ќе те уништам, Израеле, кој ќе ти помогне?

101 Сам 8,5-6.19Каде ти е сега царот за да те спаси? Каде се твоите кнезови да те бранат, оние за кои велеше: „Дај ни цар и началници!“

1110,15; 1 Сам 8,7.22Јас ти дадов цар во гневот Свој и ти го одзедов во јароста Своја.

Страшна судбина на Израел

12 5 Мојс 32,34-35 Врзано е беззаконието на Ефрем, се чува гревот негов.

132 Цар 19,3; Ис 13,8; 26,17-18; 37,3Родилните маки го обзедоа, но тој е неразбран син, не излегува навреме од утробата.

146,2; Ис 25,8; 26,19; Ез 37,1-14; 1 Кор 15,55; Откр 20,14Од власта на пеколот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт – ка­де ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? Сочувството е скриено од Моите очи.

1512,2; Ис 21,1; Ер 4,11; Ез 17,10; 19,12Иако е Ефрем плоден меѓу браќата, ќе дојде источен ветар, ќе се крене вет­рот Господов од пустината, и ќе го пресуши изворот негов, и ќе го однесе богатството од сите сокровишта.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help