Исаија 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Суд над Самарија

1 .“

1133,19; Ер 5,15; 1 Кор 14,21Зашто со неразбирлив говор и на туѓ јазик ќе му се зборува на тој народ.

1230,5; Ер 6,16; Пс 95,11; 132,14Им говореа: „Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор.“ Но тие не сакаа да слушаат.

138,15И стана во нив според словото Гос­подово: заповед врз заповед, за­повед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, – така што тие одејќи да паднат на грб и да се разбијат, да паднат во стапица и да бидат уловени.

Лажната сигурност е погубна

14 3,1-4 И така, слушајте го словото Гос­подово, хулители, управници на овој народ, кој е во Ерусалим.

158,7-8; 31,1; Ер 5,12; Амос 9,10Бидејќи говорите: „Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме напра­виле договор: кога ќе минува кам­шикот, кој казнува сѐ, тој нема да дојде до нас, зашто лагата ја направивме на­ше засолниште и со измама ќе се при­криеме“, –

167,9; Пс; 118,22-23; Мт 16,18; 21,42; Рим 9,33; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,6затоа вака вели Господ Бог: „Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, камен испитан, аголен, скапо­цен, темелен: кој верува во него, нема да се по­срами.

171,27; 28,15Ќе ја поставам правдата за мерило и справедливоста за терезија; врнежи од град ќе го уништат засолништето на лагата, и води ќе го потопат местото на заклонот.

18И сојузот ваш со смртта ќе биде уништен, договорот ваш со пеколот нема да остане. Кога ќе мине камши­кот, кој казнува сѐ, вие ќе бидете згазени.

19Пс 119,67Секојпат кога ќе мине тој, ќе ве фати; а тој ќе оди секое утро, дење и ноќе и само слухот за него ќе предиз­викува ужас.“

20Многу кратка ќе биде постелката, за човек да се протега; многу тесна и покривката, за да се завитка со неа.

2129,14; Ис.Н. 10,10-14; 2 Сам 5,17-25Зашто Господ ќе се крене, како на гората Перасим; ќе се разгневи, како во долината Гаваон, за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Својата таинствена ра­бота.

2210,22-23; Соф 1,18И така, не потсмевајте се, за да не станат оковите ваши поцврсти; зашто јас чув од Господ Бог Саваот дека е одредено истребување за целата земја.

Мудроста доаѓа од Господ

23 32,9; Пс 78,1 Приклонете го увото и послу­шајте го гласот мој; бидете внимателни, ислушајте ја речта моја.

24Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја?

25Не, откако ќе ја израмни површи­ната, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле 'рж по сртовите.

26Јов 32,8; 35,11И на таков ред го учи неговиот Бог; Тој го упатува.

2741,15; Амос 1,3Зашто не се врши граор со чука­ње, ниту тркалата што вршат го газат кимот; туку со стап го чукаат граорот, а со стап го чукаат и кимот.

28Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат.

299,6; 41,20; Пс 118,23; Рим 11,33И тоа станува од Господ Саваот: чудни се неговите судови, голема е Неговата мудрост!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help