Неемија 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Народот се обврзува да го чува законот

1 Ис.Н. 24,26 Поради сето тоа даваме цврст завет за верност и потпишува­ме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свеш­тениците наши.

2На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управителот, син на Хахалија, и Седекија,

3Сераја, Азарија, Еремија,

4Пашхур, Амарија, Малкија,

5Хатуш, Шеванија, Малух,

6Харим, Мерамот, Авдија,

7Даниел, Гинетон, Варух,

8Мешулам, Авија, Мијамин,

9Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците.

10А ова се имињата на левитите: Јешуа, син на Азанија, Бинуј, од сино­вите на Хенадад и Кадмиел;

11и браќата нивни: Шеванија, Ходи­ја, Келита, Пелаја, Ханан,

12Миха, Рехов, Хашавија,

13Закур, Шеревија, Шеванија,

14Ходија, Ваниј, Бенину.

15Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј,

16Буниј, Азгад, Бевај,

17Адонија, Бигвај, Адин,

18Атер, Езекија, Азур,

19Ходија, Хашум, Бецај,

20Хариф, Анатот, Невај,

21Магпијаш, Мешулам, Хезир,

22Мешезавел, Садок, Јадуа,

23Пелатија, Ханан, Анаја,

24Осија, Ананија, Хашув,

25Халохеш, Пилха, Шовек,

26Рехум, Хашавна, Маасеја,

27Ахија, Ханан, Анан,

28Малух, Харим, Баана.

29И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на хра­мот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нив­ни, сите што можеа да разберат,

30Пс 119,106се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мој­сеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.

312 Мојс 34,16; Езд 9,1-2И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои;

3213,15-22; 2 Мојс 20,8-11; 23,11; 3 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 15,1; Ер 17,27; Ез 23,38; Амос 8,5и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат се­какви долгови.

33И си поставивме за закон да дава­ме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на на­шиот Бог:

343 Мојс 24,6за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за ново­месечијата, за празниците, за свеште­ните предмети и за жртвите за грев за очистување на Израел, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.

35И фрливме ждрепка ние, свеште­ниците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во законот.

36Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;

372 Мојс 13,1-2; 4 Мојс 18,14-16исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, прво­родените од крупниот и од ситниот добиток свој.

384 Мојс 15,18-21; 18,21-24И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјо­делство.

394 Мојс 18,26Со левитите, кога собираат левит­ски десеток, ќе има свештеник, по­томок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови.

4013,11-12Зашто во тие простории како Изра­еловите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и врата­рите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на на­шиот Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help