1 18,46; 18,34; 2 Сам 22,2.35 Нека е благословен Господ, Карпата моја, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна.
218,2Тој е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој – и јас на Него се надевам. Тој ми го потчинува мојот народ мене.
38,4; Јов 7,17Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки – та да се сеќаваш на него?
439,5; 109,23; Јов 8,9; 14,2Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка.
518,9; 104,32; 2 Сам 22,10; Ис 63,19; 64,1Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ќе се здимат;
618,14; 5 Мојс 32,23; 2 Сам 22,15болсни со молњи и растерај ги, пушти ги стрелите Свои и распрсни ги;
718,16; 2 Сам 22,17подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на туѓински синови,
8Ис 44,20чии усти кажуваат лага и чија десница е десница на неправдата.
933,2-3; 96,1; 98,1; 149,1; Ис 42,10; Откр 5,9Боже, нова песна ќе Ти испеам, ќе Ти свирам на харфа со десет жици.
1018,50Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давид од остар меч.
11Избави ме и отми ме од рацете на туѓинските синови, чии усти лага говореа и чија десница е десница на неправдата.
12128,3; Јов; 42,14-15Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот.
133 Мојс 26,4-5; 5 Мојс 7,13Да ни бидат полни житниците наши, во изобилие со секаква храна; да се плодат овците наши по пасиштата свои.
143 Мојс 26,6; Ис 65,19И воловите да ни се угоени, да нема паѓање на оградите, ни ропство, ниту офкање по улиците наши.
1533,12; 146,5; 5 Мојс 33,29Блажен е оној народ, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
