Исаија 51 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Господ ќе утеши

1 48,1; 5 Мојс 32,18; Соф 2,3; Мт 5,6; 6,33 Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го бара­те Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и длабочината на јамата, од која сте извлечени.

21 Мојс 12,2-3; 15,5; Ез 33,24; Рим 4,11-12Погледајте го Авраам, вашиот тат­ко, и Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него кога беше сам, го благо­словив и го умножив.

31 Мојс 2,8-17; Ер 33,11; Ез 36,35; Јоил 2,3; Пс 51,9; Откр 2,7; 22,2Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пустините негови како рај и степите негови – како градина Господо­ва; радост и веселба ќе има во него, славопои и пеење на песни.

Божјата победа е трајна

4 42,6.23; 49,6; Пс 78,1 Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приклонете го увото кон Мене! Зашто од Мене ќе излезе закон и Моја­та правда ќе ја поставам за светлина на народите.

542,4; 46,13; 60,9Мојата правда брзо ќе стигне; Моето спасение изгрева и Мојата рака ќе ги суди народите; островите ќе се надеваат на Мене и ќе се надеваат на силата Моја.

640,26; 56,1; Пс; 102,25-26; Мт 24,35; 2 Птр 3,7-12; Откр 20,11Кренете ги очите кон небото и по­гледајте на земјата долу: зашто небото ќе исчезне како дим, и земјата ќе из­ветви како облека, а жителите нејзини исто така ќе изумрат; а Моето спасение е вечно, правдата Моја нема да прес­тане.

75 Мојс 30,14; Ер 31,33; Пс 37,31; 119,11Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од нивните навреди.

850,9; Јов 13,28Зашто молец ќе ги изеде како облека и црв ќе ги изеде како волна; а Мо­јата правда ќе трае засекогаш, и Моето спасение – од род во род.

Молитва за помош

9 30,7; 52,1; 2 Мојс 6,6; Пс 89,10; Јов 3,8 Крени се, крени, облечи се во сила, рако Господова! Дигни се, како во древ­ните дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рахав, зар не го порази змејот?

1040,3; 43,16; 63,13; Пс 74,13Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените?

1135,9-10; 60,15; 65,18Ќе се вратат избавените од Господ, и ќе дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ќе има над главата нивна; тие ќе најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ќе исчезнат.

Господ дава надеж

12 40,6-7; 48,15; 61,2-3; Пс 37,2; 102,12; 103,15 Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е како трева?

1344,24; 52,5; 5 Мојс 32,5.15Го забораваш Господа, својот Тво­рец, кој го прострел небото и ја основал земјата; и непрестајно, секој ден се пла­шиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби. Но каде е сега јароста на угнетувачот?

14Пс 16,10Скоро ќе биде ослободен заробениот, и нема да умре во јамата, ниту ќе му недостига леб.

1547,4; Ер 10,16; 31,35; Јов 26,12Јас сум Господ твој, Кој го бранува морето, та брановите негови бучат – Јахве Саваот е името Негово.

1649,2; 59,21; Ер 1,9И Јас ги ставив Моите слова во ус­тата твоја, и со сенката на раката Своја те покрив кога го простирав небото и ја утврдував земјата и му реков на Сион: „Ти си Мој народ.“

Ерусалим е предупреден

17 42,25; 52,1; Суд 5,12; Ер 25,15-29; Пс 57,8 Разбуди се, разбуди се, стани, Еру­салиме, ти, кој од раката на Господ ја испи чашата на јароста Негова, до дно­то си ја испил и исушил чашата што опива.

1849,10.21-22; 60,4Меѓу сите синови, од него родени, нема кој да го води, и меѓу сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи.

1947,9; Ер 15,5; Ез 14,21; Наум 3,7; Плач 1,2.16-17Тебе те снајдоа две неволји, кој ќе те пожали? – Опустошување и истребување, глад и меч: кој ќе те утеши?

2050,2; Плач 2,11.19.21Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог.

2154,11И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино.

222 Мојс 14,14Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој го брани Својот народ: „Ете, ја земам од раката твоја чашата што опива, од чашата на Мојата јарост ти веќе нема да пиеш.

23Ис.Н. 10,24Ќе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‚Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го подметнуваше грбот свој како земја и како улица за минувачите.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help