Еремија 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пашхур го затвора Еремија

1Кога Пашхур, синот Имеров, свештеник и надзорник во домот Господов, чу дека Еремија ги изговорил тие пророчки зборови,

22 Цар 15,35го фати пророкот Еремија и нареди да го бијат и да го врзат за столбот на срамот, што беше до горните порти Ве­нијаминови кај домот Господов.

3Но утредента Пашхур го ослободи Еремија, а Еремија му рече: „Господ те нарече не Пашхур, туку ‚Ужас отсе­каде‘!

4Пс 31,11Зашто вака рече Господ: еве, ќе те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ќе паднат во бој од непријателите свои и очите твои ќе го видат тоа. И сите Јудејци ќе ги преда­дам во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе ги одведе во Вавилон и ќе ги убие со меч.

5Ис 39,6И ќе го продадам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ќе ги дадам на неговите непријатели, што ќе ги разграбаат, ќе ги земат и ќе ги однесат во Вавилон.

6И ти Пашхуре, и сите што живеат во твојата куќа, ќе отидете во ропство; ќе отидеш во Вавилон, таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, та и сите твои пријатели, на кои лажно им пророкуваше.“

Еремија Му се жали на Господ

7 Пс 44,13; Плач 3,14 Господи, ти ме надви, и јас сум надвиен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секој се шегува со мене.

815,10.15; 20,18Затоа, штом ќе почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за ра­зорување, бидејќи словото Господово стана за мене поруга и секојдневен пот­смев.

9Пс 39,3Па си реков: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распа­лен оган, затворен во коските мои, и се измачував да го задржам – но не можев.

1046,5; Пс 31,13; Мк 3,2Бидејќи слушав клевети од мнозина, ужаси насекаде! Пријавете го, и ние ќе го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: „Можеби, велат, тој ќе се улови, и ние ќе го победиме и ќе му се одмаздиме.“

1117,18; 32,18; Ис 42,13; Пс 40,14Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ќе се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ќе се засрамат, зашто ќе бидат пора­зени; срамот ќе биде вечен, нема никогаш да биде заборавен.

122 Лет 16,9; 11,20; Пс 37,5Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам од­маздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое.

1315,21; 39,17; Пс 96,1; 97,10; 148,1Пејте Му на Господ, фалете Го Гос­пода, зашто Тој ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците.

14Јов 3,3Проклет да е денот во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен!

15Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татко ми и му рече: „Ти се роди син“ и со тоа многу го зарадува.

16И со тој човек да стане она што ста­на со градовите кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне – плач,

17Јов 3,11затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена.

18Јов 3,10.20Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и дните свои да ги минам во срам?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help