Изреки 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 15,17 Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.

210,5; 19,26Разумен слуга господари над раз­вратен и со браќата ќе го подели нас­ледството.

316,2; 1 Птр 1,7Среброто и златото со оган се испи­туваат, а срцата Господ самиот ги испитува.

410,23Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец – во злонамерен јазик.

514,31; 24,17Кој се подбива со сиромав, Созда­телот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет.

616,31Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родите­лите нивни.

724,7На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста.

818,16; 19,6; 21,14Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее.

910,12; 16,28Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.

1019,25Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто уда­ри со стап.

1124,21-22Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.

1227,22Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.

1312,14Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.

1420,3; 25,8Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од кара­ницата пред да се разгори.

1518,5; 24,24Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господ.

1623,23Што ќе му се пари во рацете на без­умен за да купи мудрост, кога во него нема разум?!

1718,24Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на не­волја.

186,1; 11,15; 22,26Неразумен човек подава рака и станува гарант за ближниот свој.

1911,2; 16,18; 29,22-23Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.

2018,21Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.

2110,1Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост.

2215,13Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши.

2315,27Не се прави патиштата на нечесни­те што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието.

2414,6Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.

2510,1Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката.

2617,15; 18,5Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник.

2710,19; 14,29Разумниот е воздржан во зборо­вите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен.

2814,33И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја – за разумен го сметаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help