Тит 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поздрав

1 Рим 1,1; Фил 1,1 Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста,

22 Мојс 23,19; 2 Тим 2,13со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,

3Дела 1,7; Рим 3,26; 1 Тим 1,1во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,

42 Кор 2,13; 8,23; Гал 2,3; 1 Тим 1,2; 2 Тим 4,10до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!

Задолженијата на Тит во Крит

5Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите гра­до­ви да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

61 Тим 3,2-7ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.

71 Тим 3,15; Евр 3,2Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни ла­ком за гнасна печалба,

81 Тим 3,2-7; 2 Тим 2,24-26; 1 Птр 5,2туку гостољубив, доброљубив, трез­вен, справедлив, свет, воздржлив;

92,1; 1 Тим 1,10; 2 Тим 4,3кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.

Лажните учители

10 1 Тим 4,1; 2 Тим 3,13 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,

112 Тим 3,6; 1 Птр 5,2на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.

12Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“

132 Тим 4,2Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,

141 Тим 1,10; 4,7и да не слушаат јудејски бајки и за­поведи од луѓе, кои одвраќаат од вистината.

15Мт 15,11; 15,18-20; 23,25-26; Рим 14,14-20За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:

162 Тим 3,5; 1 Јн 1,6; 2,4тие зборуваат дека Го познаваат Бо­га, а со делата свои Го одречуваат, би­дејќи се одвратни, непокорни и неспо­собни за никакво добро дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help