1 8,29; Мк 1,34; 3,13.15; 6,7; Лк 9,1 И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.
24,18.21; Мк 1,16; Лк 9,54; Јн 1,40-42; Дела 1,13.26; Откр 21,14А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и Андреј братот негов; Јаков Заведеев и Јован, братот негов;
39,9; Мк 2,14; Јн 1,43-46.48; 6,5.7; 12,21-22; 14,5.8-9; 20,24-28Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј, цариник, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј;
426,14; Јн 6,71; 12,4; 13,2.26; 18,2.5Симон Хананеец и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
Мисијата на апостолите(Мк 6,7-13; Лк 9,1-6)5 Лк 9,52-53; 10,30-37; Јн 4,9.40; 17,3.18; Дела 1,8 Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;
615,24; Ер 50,6а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом.
73,2И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;
8Ис 55,1; Лк 10,9; Дела 8,20болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!
9Мк 6,8; Лк 9,3; 10,4Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар,
104 Мојс 18,31; 5 Мојс 24,14-15; Лк 10,7; 1 Кор 9,14; 1 Тим 5,18ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда!
11Мк 6,10А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си одите.
12Лк 10,5-6И кога ќе влезете во некоја куќа, поздравете ја говорејќи: ‚Нека има мир во таа куќа!‘
13И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас!
14Мк 6,11; Лк 9,5; 10,10-11; Дела 13,50-51Ако, пак, негде не ве примат и не ги послушаат зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!
1511,23-24; 1 Мојс 18–19; Лк 10,12; 17,29; Рим 9,29; 2 Птр 2,6; Јуда 1,7Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“
За прогонствата(Мк 13,9-13; Лк 12,11-12; 21,12-17)16 Лк 10,3; Јн 10,12; Дела 20,29 „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.
17Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предаваат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат.
1824,14; Пс 119,46; Јн 15,27; 16,1-4И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.
192 Мојс 4,10-12; Ер 1,6-10; Лк 12,11-12; Дела 4,8.31Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете.
202 Сам 23,2; Јн 15,26Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.
21Мих 7,6И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;
2224,9.13; Јн 15,18.21.25и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.
238,20; 16,28Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израелските градови додека дојде Синот Човечки.
24Лк 6,40; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар.
259,34; 12,24.27; 2 Цар 1,2Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“
Не плашете се!(Лк 12,2-7)26 Мк 4,22; Лк 8,17 „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае.
27Лк 12,3-4Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!
285,29-30; Јк 4,12; 1 Птр 3,14; Откр 2,10И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!
29Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.
306,26; Лк 12,24; 21,18; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени.
31Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“
Јавно признавање на Исус(Лк 12,8-9)32 1 Сам 2,30 Откр 3,5 „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен.
33Мк 8,38; Лк 9,26; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.“
Не мир, туку меч(Лк 12,51-53; 14,26-27)34 Лк 2,34; 12,51 „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
35Мих 7,6
Мк 13,12Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.36И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
Како да се биде достоен за Исус(Мк 8,34-35; Лк 14,26-27; 9,23-24)37 10,37; 19,19; 22,37-39; 5 Мојс 33,9 Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
3816,24; Лк 9,23и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
3916,25; Лк 9,24; 17,33; Јн 12,25Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, повторно ќе си го најде.“
Наградување(Мк 9,41)(Мк 9,37.41; Лк 9,48; 10,16; Јн 13,20)40 18,5; Лк 9,48; 10,16; Јн 12,44-45; 13,20; 1 Сол 2,13 „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.
411 Цар 17,9-24Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.
4218,5.10; 25,40; Мк 9,41И кој ќе напои еден од овие најбезначајните само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.