1 1,3; 4 Мојс 22,36; Ис 15–16; Ер 48; Ез 25,8-11; Соф 2,8-11 Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре коските на царот едомски во вар.
21,4Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук.
3И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.
Казна за Јудејците4 1,3; 3 Мојс 26,14-15; Ис 5,24; Ер 7,28 Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поштедам, заради тоа што го отфрлија законот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татковците нивни, ги заведоа.
5Ос 8,14И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.
Казна за Израелците6 5,7.12; 8,6; Мих 3,9.11 Така вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го поштедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали.
75 Мојс 23,19; 27,20; Ис 3,15; Ос 4,14Газат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.
82 Мојс 22,25-26; 5 Мојс 24,12-13При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог.
95 Мојс 7,1; 9,1-2; Ос 9,16; Јов 18,16Но Јас ги истребив пред нив Аморејците, чија височина беше како височината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов горе, а и коренот негов долу.
105 Мојс 2,7; Ер 2,6Вас, пак, ве изведов од земјата египетска и ве водев по пустината четириесет години, за да ја наследите земјата аморејска.
114 Мојс 6,1-21; 5 Мојс 18,18-19Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши – за назири; зар не е така синови израелски? – вели Господ.
127,12-13; 1 Цар 22,8.27; Ис 30,10; Ер 11,21; Мих 2,6А вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте.
13Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,
149,1; Ис 40,30; Ер 25,35и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.
155,9; Ер 46,5Ни стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој.
16Ис 2,11; Јоил 1,15; Соф; 1,14-15; Мк 14,52И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.