Исаија 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Благодарствена молитва

1 12,1-4; 37,26; 2 Мојс 15,2; Јоил 2,26; Пс 31,14; 118,28 Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам име­то Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни.

213,20; 17,1; Ер 9,10; 51,37Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен.

324,15-16Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните пле­миња ќе се плашат од Тебе;

44,6; 29,1; 32,2зашто Ти беше прибежиште на си­ромавиот, прибежиште на немоќ­ниот во тешко време за него, заштита од бу­ра, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица.

524,8Ти го скроти викањето на непријателите, како припек – во безводно мес­то; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.

Господ нѐ избави

6 2,2; Изреки 9,2-5; Мт 8,11; Јн 6,51.54; Откр 19,9 И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина;

7врз таа планина ќе ја уништи пок­ривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.

826,19; Ос 13,14; 1 Кор 15,26.54; Откр 7,17; 21,4Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.

933,2; 35,4; 1 Сам 2,1; Пс 27,14; 95,7; 1 Птр 1,8И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го че­кавме; да се радуваме и веселиме за спа­сението од Него!

10Амос 1,3; Мих 7,10Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде пре­газен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“

1116,6.14; Ер 48,29; Соф 2,8.10И макар што ги размавна среде него рацете свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја по­низи гордоста негова заедно со мафта­њето на рацете негови.

1226,5И ќе ја собори, ќе ја разруши тврдината со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help