Создавање 49 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јаков го дава својот благослов на дванаесетте свои синови

1 5 Мојс 33 4 Мојс 24,14 Потоа Јаков ги повика своите синови и им рече: „Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ќе се случи со вас во идните времиња.

2Соберете се и послушајте ме, вие синови на Јаков, послушајте го Израел, таткото ваш:

329,32; 5 Мојс 33,6; Ис.Н. 13,15-23Рувиме, сине мој првороден, ти си тврдина моја и почеток на мојата сила; прв по достоинство и прв по моќ.

435,22Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи.

529,33-34; 5 Мојс 33,8-11; Ис.Н. 13,14; 19,1-9Симеон и Левиј се вистински браќа, оружје на насилство се мечовите нивни.

634,25-31Во договарањата нивни да не учествува душата моја, ниту во собирот нивни славата моја; бидејќи тие во гневот свој луѓе убиваа, а за свое задоволство бикови сакатеа.

7Проклет да е гневот нивни, зашто е жесток; и лутината нивна, бидејќи е свирепа; ќе ги разделам по Јакова, и ќе ги растурам низ Израел.

827,29; 5 Мојс 33,7; Ис.Н. 15Јудо! Тебе ќе те слават браќата твои, и рацете секогаш ќе ти бидат врз плеќите на непријателите твои; и тебе ќе ти се поклонуваат синовите на таткото твој.

94 Мојс 23,24; Откр 5,5Јудо, лавче мое мало! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легнуваш како лав и лавица. Кој смее да те предизвикува?

104 Мојс 24,17; Ис 9,5-6; 11,1-9; Ез 21,32; Мих 5,1-3; Пс 2; 10Нема да се одземе жезолот од Јуда, ниту од бедрата негови, сѐ дури не дојде Миротворецот, Кому ќе Му се покоруваат народите.

11Ис 63,1-6; Зах 9,9; Мт 21,2-6Тој го врзува за лоза своето магаре, а младото магаре на неговата магарица за дебела прачка; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое;

12очите му се потемни од вино, а забите му се побели од млеко.

135 Мојс 33,18-19; Ис.Н. 19,10-16Завулон ќе живее покрај море, до морско пристаниште, а границата ќе му биде до Сидон;

1430,18Исахар е како цврсто магаре, легнат меѓу оградите;

15па, откако виде дека починката е добра, земјата пријатна, ги сви рамењата свои под трудот и стана роб на земјата.

1630,6; 5 Мојс 33,22; Ис.Н. 19,40-48; Суд 5,17Дан ќе му суди на својот народ, како едно од племињата израелски.

17Дан ќе биде како змија на пат, како усојница на патека, која го каснува коњот за нога, и јавачот негов паѓа назад.

18Ис 25,9Од Господ очекувам спасение!

1930,11-13; Ис.Н. 13,24-28А Гад, ќе го нападнат разбојници, но тој, одејќи им по трагите, ќе ги совлада.

205 Мојс 33,24-25; Суд 5,17Кај Асир ќе има храна во изобилие; тој ќе им дава храна на кнезовите.

2130,8Нефталим е како кошута на слобода, која дава убав подмладок.

2230,24; 5 Мојс 33,13-17Јосиф е плодна гранка, плодородна гранка покрај извор, чии фиданки по­ми­нуваат над ѕидот.

23И го огорчуваа, и стрелаа по него, и го прогонуваа силните стрелци,

24но лакот негов остана јак, и мускулите на неговите раце останаа цврсти преку рацете на Моќниот (Бог) Јаковов, на пастирот и тврдината Из­раелова.

2517,1-8Од Бога на таткото твој, Кој ќе ти помага, и од Семоќниот Кој ќе те бла­гослови со благослови одозгора од не­бото, со благослови од бездната подземна, со благослови од градите и од утробите.

26Благословите на таткото твој ги над­минаа благословите на старите пла­нини и убавините на вечните ридови; тие нека се спуштаат и нека бидат над главата Јосифова, и над темето на избраниот меѓу браќата свои.

2735,18; Ис.Н. 18,11; Суд 5,14-21Венијамин е граблив волк, наутро ќе јаде лов, а навечер пленот ќе го дели.“

28Тоа се дванаесетте колена израел­ски, и тоа им го изговори таткото нивни ги благослови: секого со посебен бла­гослов ги благослови.

29Потоа им заповеда, велејќи: „Јас се прибирам кај својот род, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хитиецот Ефрон.

3023,19-20Во пештерата, што е во нивата махпелска, спроти Мамре, во земјата ха­нанска, која ја беше купил Авраам од Хитиецот Ефрон, за да има своја гробница.

31Таму ги погребаа Авраам и жената негова Сара, таму ги погребаа и Исак и Ревека, жената негова, а таму јас ја погребав и Лија;

32оваа нива и пештерата, што е во неа, е купена од синовите Хетеови.“

3348,2И престана Јаков да им говори на синовите свои, ги повлече нозете во постелата, па умре – и се прибра кај предците свои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help