1Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израел.
2Во Шалем е Неговото место, а Неговото живеалиште – на Сион.
3122,6-7; 1 Мојс 14,18Таму Тој ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
446,9; 48,3-7Посветол си од светлината, повеличествен од древните гори!
5Се збркаа сите што беа со храбро срце; заспаа и им папсаа рацете.
62 Цар 19,35; Ер 51,39.57; Наум 3,18Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија и коњаниците и коњите.
7Ти си страшен, и кој ќе опстане пред Тебе, кога ќе се крене Твојот гнев!?
85 Мојс 7,21; 10,17; Наум 1,6; Мал 3,2Од небесата се чу глас дека ќе судиш; Земјата се уплаши и занеме,
9кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите угнетени по Земјата,
10зашто и преку човековиот бес Ти ќе се прославиш, а и остатокот од нив ќе Те прославува.
11Заветувајте се на Господ, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови, на Страшниот,
12Кој ги скротува духовите на кнезовите, од Кој се плашат и земните цареви.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
