1 Ер 5,5; Ос 5,1 Потоа реков – чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Израелов: зар вие не знаете што е право?
2Ис 5,20.23; Амос 5,15А вие го мразите доброто и го сакате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни;
3Пс 14,4; 53,5јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги кршите како за во сад, и месото нивно го дробите како за во котел.
45 Мојс 31,17; Ис 59,2; Ер 11,11И тие ќе викаат кон Господ, но Тој нема да ги чуе и ќе го сокрие лицето Свое од нив во тоа време, поради нивните злодела.
5Ер 6,14; 23,32; Ез 13,10.16Така вели Господ против пророците, кои го воведуваат во заблуда Мојот народ, кои кога имаат храна во устата проповедаат мир, а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна.
6Ер 23,12; Ез 7,26; Амос 8,9Затоа, место виденија, вие ќе гледате ноќ, место пророштво – темнина; и сонцето ќе зајде над тие пророци и денот ќе потемнее над нив.
7Зах 13,4Ќе се засрамат јасновидците, ќе бидат посрамени гледачите, и сите ќе ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога.
8Но јас сум исполнет со силата на Духот Господов, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јаков престапите и на Израел – гревот негов.
9Амос 5,7Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Израелов, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате сѐ што е право.
10Авак 2,12Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда.
111 Сам 9,7; Ис 1,23; Ер 5,12; 7,3-4; Ез 13,19; Амос 9,10Поглаварите негови судат со поткуп, свештениците учат за да заработат, а пророците пророкуваат за пари, и сепак се повикуваат на Господ, велејќи: „Нели е Господ меѓу нас; затоа зло нема да нѐ постигне.“
121,6; Ер 9,10; 26,18Затоа поради вас Сион ќе биде разорен како нива, а Ерусалим ќе стане купиште од урнатини, и планината на тој дом ќе зарасне во шума.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
