1 .
Решавање на спорот: Апостолскиот собор во Ерусалим5 . Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Бидете здрави!“
30И така испратени, тие дојдоа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието.
31А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор.
32Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија.
33Откако престојуваа таму некое време ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија.
34(Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.)
35Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувајќи го словото Господово заедно со мнозина други.
Павле и Варнава се разделуваат36По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите градови, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како живеат.“
3712,12Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко.
38Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.
39Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;
4014,26а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата благодат.
Тимотеј ги придружува Павле и Сила41 15,23 И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
