1А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви згради!“
2Лк 19,44Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат!“
Страдања и прогонства(Мт 24,3-14; Лк 21,7-19)3 11,1; Мт 4,18.21 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј:
42 Цар 20,8„Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“
5Исус, одговарајќи им почна да зборува: „Чувајте се да не ве прелаже некој!
6Ер 14,14; Јн 5,43Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7Агеј 2,6; Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа уште не е крајот.
8Ис 19,2; 26,17; Ер 4,31; 2 Лет 15,6Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има и земјотреси и глад. Тоа е почетокот на болките.
91,44; 6,11; Мт 10,17-18Но вие чувајте се, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведувани заради Мене, за сведоштво пред нив.
10Мт 28,19; Рим 11,25И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
11Мт 10,19Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; туку она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12Мих 7,6; Мт 10,35И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги предадат на смрт.
13Мт 5,11; 10,22; Лк 6,22; Јн 15,18-21; 16,2; 1 Птр 4,14Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
Гнасниот пустошник(Мт 24,15-28; Лк 21,20-24; 17,23; 21,8)14 Дан 9,27; 11,31; 12,11 „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник се сместил каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16Лк 17,31и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17Лк 23,29Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19Дан 12,1; Мт 24,21; Откр 16,18Зашто во тие дни ќе има мака, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Тој, ќе ги скрати дните.
21Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте!
225 Мојс 13,2-4; Мт 24,11.24; 2 Сол 2,9-10; Откр 13,13-14Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23Но вие – чувајте се! Ете, сѐ однапред ви кажав!
Исусовото враќање(Мт 24,29-31; Лк 21,25-28)24 Ис 13,10; 34,4; Ез 32,7-8; Јоил 2,10; 3,4; 4,15; Амос 8,9; Откр 6,12-14; 8,12 Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,
25и ѕвездите небески ќе паѓаат, и силите, што се на небото, ќе попуштат.
264 Мојс 11,25; Дан 7,13; 7,14; Мт 8,20; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема сила и слава.
275 Мојс 30,3-4; Ез 37,9; Зах 2,10; Неем 1,9Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
Споредба со смоквата(Мт 24,32-35; Лк 21,29-33)28 11,13; Мт 21,19 Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу летото.
29Јк 5,9; Откр 3,20Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!
30Мт 23,36Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни.
31Мт 5,18; Лк 16,17Небото и земјата ќе исчезнат, но зборовите Мои нема да исчезнат!“
Денот и часот го знае само Отецот(Мт 24,36-44)32 Мт 24,36; Дела 1,7; 1 Сол 5,1-2 „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
3314,38; Мт 24,42; Ефес 6,18Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот.
34Мт 25,14Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, на вратарот му заповеда да биде буден.
35Мт 25,13Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро,
36па да не дојде ненадејно и да ве затече како спиете.
37Мт 26,41Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.